Потребно е:
300 г таљатели
300 г пилешко филе
200 мл павлака за готвење
100 г рендано пармезан сирење
50 г путер
2 чешниња лук
сол по вкус
бибер по вкус
сушен магдонос за посипување (по желба)
Подготовка:
Сварете ги тестенините. Растопете го путерот во голема тава на средна температура. Додадете ситно сечкан лук во тавата и пржете го неколку минути. Додајте ги исечканите пилешки филети во тавата. Пржете ги околу 5-7 минути додека не се испржат целосно и не добијат убава златно-кафеава боја. Додајте ја павлаката за готвење во тавата. Измешајте ги сите состојки за да се соединат. Додадете го ренданиот пармезан. Продолжете да мешате додека пармезанот не се стопи и сосот не стане кремаст. Посолете го и зачинете го сосот по вкус, па додајте ги таљателите и добро измешајте.