Амал може да помине преку сѐ, но не и преку ова: Дали е вистина дека Џорџ Клуни се разведува?

popara6 март, 20251min00
Screenshot_4

Гласините дека Џорџ и Амал Клуни сакаат да стават крај на бракот, повторно се актуелни. Познатиот пар наводно е во фаза на „пробна разделба“, а причината за ваквата одлука е тоа што ретко поминуваат време заедно.

 

 

 

 

Шеесет и три годишниот актер во 2014 година се ожени со 17 години помладата адвокатка, а пред седум ги добија близнаците Ела и Александар. Но иако е очигледно дека се сакаат, нивните индивидуални обврски создале дистанца меѓу нив, пишува „Њуз“.

 

Заладувањето на односите настанало откако Џорџ Клуни одлучил да создаде Бродвејска адаптација на неговиот филм „Good Night and Good Luck“, по што Амал, колку и да му е поддршка на сопруг да го следи својот сон на Бродвеј, разделбата ја поднела доста тешко.

 

И додека Клуни често е во Њујорк, Амал е во Англија со своите деца.

 

„Лесно е да се критикува Амал зошто не е со Џорџ во Њујорк, но тие секогаш ги ставале децата на прво место и нивната рутина функционира толку добро. Таа знае дека преземањето на работата во Оксфорд ги кочи нејзините планови да продолжи да ги расте своите деца во Обединетото кралство, но тоа може да има цена“, додаде изворот.

 

Дали ќе успеат да ја надминат дистанцата или тоа ќе создаде уште поголеми проблеми?

 

И претходно често се појавуваа шпекулации за разводот, а изворот исто така изјавил дека адвокатката го поддржува дебито на нејзиниот сопруг на Бродвеј, но …

 

„Амал веќе некое време го охрабрува Џорџ да се обиде да се повлече од Холивуд. Таа е доволно паметна за да се сложи со луѓето, но никогаш не се чувствувала удобно и не се вклопила, отсекогаш имала големо влијание врз нејзиниот сопруг да пробува нови работи, од политика до пишување, а сега и театар, затоа Клуни многу ја цени нејзината поддршка на неговите професионални потфати“.