Потребно е:
2 јајца
2 лажици шеќер
2 лажици масло
275 мл млеко
275 гр меко брашно
5 g прашок за пециво
прстофат сол
јаворов сируп
Подготовка:
Во сад изматете ги јајцата и солта, а потоа измешајте ги шеќерот и маслото. Сè убаво измешајте, па додајте брашно, млеко и прашок за пециво. Изматете, но внимавајте да нема грутчиња, туку да е густа смеса како јогурт. Оставете го да отстои 15 минути. Загрејте ја тавата подмачкана со путер на средна температура, а потоа со мала лажичка изматете ја смесата и истурете малку врз неа. За неколку минути превртете ја палачинката. Повторете ја постапката додека не ви снема материјал. Прелијте ги со јаворов сируп и декорирајте со шлаг. Добар апетит!