Асистент режисерот на серијата „Емили во Париз“ почина за време на снимањето во Венеција

popara23 август, 20251min00
b_250823054

Помошникот-режисер Диего Борела од серијата „Емили во Париз“ почина на снимање во Венеција, објавија локалните медиуми. Тој се струполил пред своите колеги додека се подготвувал да ги снима последните сцени од петтата сезона. Имал 47 години.

Лекарите пристигнале во хотелот „Даниели“, каде што престојувал, но било предоцна. „Ла Република“ објави дека починал од срцев удар.

Борела е роден во Венеција во 1978 година и бил успешен режисер и сценарист, кој студирал во градови низ целиот свет, вклучувајќи ги Рим, Лондон и Њујорк. Работел и како писател. Објавувал бајки и хаику.

Снимањето на „Емили во Париз“ требаше да заврши во понеделник, 23 август, но беше продолжено по смртта на Борела.

Нетфликс неодамна објави дека петтата сезона од серијата ќе има премиера на 18 декември. Главниот лик Емили Купер ја игра Лили Колинс.