Астролозите велат дека втората половина на мај е најдобро време за промена на фризурата – еве зошто

popara15 мај, 20251min00
63079882-zena-s-novom-frizurom

Доколку размислувате за промена на фризурата, втората половина и особено крајот на мај би можеле да бидат идеално време за промена – барем така тврдат астролозите. Имено, тогаш ќе заврши ретроградното влијание на три важни планети, што значи дека е вистинско време за нови почетоци а со тоа и за нова фризура.

Кога закажувате термин на фризер, веројатно не ја земате предвид – положбата на планетите. И тоа е сосема разбирливо. Меѓутоа, астролозите тврдат дека планетите навистина имаат влијание и на тоа поле, бидејќи кога планетите се во хармонија, вашата фризура ќе излезе онака како што вие сакате. Ова особено се однесува на подрастични промени на фризури и кратки фризури, а објаснија и зошто претстојниот период е идеален за ова, а сето тоа е поврзано со трите ретроградни планети.

Меркур, Марс и Венера се три планети кои орбитираат многу блиску до Земјата. Ова се планетите кои најмногу ги чувствуваме и забележуваме кога се ретроградни, а сите три планети беа ретроградни до неодамна. Во астрономска смисла, ретроградното планетарно движење е оптичка илузија што се јавува кога планетата, како што се гледа од Земјата, се чини дека се движи наназад.

Марс, планетата на војната, која владее со акцијата и сите нешта издолжени, беше ретроградна во декември 2024 година. Со оглед на тоа што ножиците спаѓаат во категоријата на издолжени предмети, времето кога Марс е ретрограден не е најдобро за драстични промени на фризурата.

Откако Марс се врати на вообичаениот пат на 23-ти февруари, Венера, владетелот на сите нешта убави, влезе во својата ретроградна фаза од 1-ви март до 12-ти април, поради што во тој период не беа препорачливи големи промени на фризурата.

Згора на сето тоа, на 14-ти март гласникот Меркур тргна во ретроградна линија и така остана до 7-ми април, потенцијално попречувајќи ја клучната комуникација помеѓу вас и фризерот потребна за голема промена во изгледот што ќе одговара на вашата визија, односно што ќе ви се допадне.

Иако, на хартија, сите овие ретроградни фази завршија во април, тие доаѓаат со „периоди во сенка“ во кои ги чувствуваме долгорочните ефекти, кои не стивнуваат до крајот на мај.

Но, затоа крајот на мај и цел јуни ќе биде здив во астролошка смисла, најавуваат астролозите.

Младата месечина кај Близнаците на 26 мај ќе го означи почетокот на тој посветол период, а потоа ќе се отворат многу можности.

Доколку овие поволни астролошки услови не се доволни за да ве убедат, постојат и практични причини за избор на кратка фризура за овој период од годината, која е и тренди и безвременска. Пред се, времето ќе биде потопло, па кратката фризура не само што ќе биде симпатична, туку и практична. Сметајте дека кратката коса бара одредено внимание и редовно одржување.

На пример, популарниот француски боб не бара многу одржување, но важно е да ја задржите неговата форма и да спречите расцветани врвови, особено со пократки, поостри фризури. Со францускиот боб, косата мора да се потстрижува на секои четири до шест недели, за фризурата секогаш да изгледа свежо.

Можете исто така да додадете шишки на вашиот француски боб, што може да ја направи фризурата уште поубава. Сепак, важно е да се земе предвид должината, обликот и текстурата на шишките за најдобро да одговараат на обликот на лицето и типот на косата. Тенки, странични шишки или шишки што ги покриваат веѓите се популарни опции за францускиот боб.

Така, доколку сте ги пронашле вистинските шишки за вас, како и добар фризер и ви е удобно со редовно одржување на косата, ѕвездите ви велат дека сега е идеално време за шишање.