БАНАНА ТИРАМИСУ: Италијанска класика во совршен спој со овошје

popara13 март, 20251min00
114398_shutterstock-551682997-1_f

Потребно е:

За пандишпанот:

300 гр бисквити

За филот:

400 мл слатка павлака
500 гр маскарпоне
50 гр шеќер во прав
3-4 банани
какао во прав

Подготовка:

Одделно изматете ја павлаката и додадете го шеќерот. Додадете го маскарпонето и измешајте во крем. Оставете да се излади. Исечете ги бананите на половина по должина. Потопете ги колачињата во кафе, врз нив наредете ги бананите и покријте ги со филот. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Оставете го тирамисуто во фрижидер да се излади неколку часа, по можност преку ноќ, а потоа посипете го со какао.