
Ви треба:
3 зрели банани
250 г мелени бисквити
80 г стопено млечно чоколадо
Подготовка:
Во длабок сад, добро изгмечете три банани, потоа додадете ги мелените бисквити и стопеното чоколадо. Добро измешајте сè додека не добиете компактна смеса од која можете да формирате малку поголеми топчиња. Слободно оставете ја смесата да отстои во фрижидер околу половина час пред да ја обликувате. Можете да ги прелиете со растопено бело чоколадо. Потоа, откако ќе ги формирате топчињата од банана и ќе ги распоредите на плех, растопете го белото или темното чоколадо (доколку е потребно, додадете многу малку масло за глазурата да не биде густа) и декорирајте ги колачињата. Ставете парче банана врз секое од нив.