Потребно е:
4 пилешки батаци со карабатаци
сол, бибер
2 лажици путер
масло
200 г кромид
2 моркови
2 пиперки
4 лути пиперки
2 чешниња лук
500 г свежи домати или конзерва сечкани домати
прстофат рузмарин, една шака црни маслинки, каранфилче
Подготовка:
Исечете го месото на батаци и бутови. Зачинете го, па пржете го во масло и путер десет минути за да добиете убава кора. Извадете го месото, потоа пропржете го сечканиот кромид, сечканиот морков, лукот и сечканата пиперка во истата маснотија, а кога зеленчукот малку ќе омекне, додадете ги доматите. Зачинете, вратете го месото, па динстајте околу 40 минути. Доколку е потребно, додадете малку вода. Додадете ги маслинките кон крајот. Сервирајте ги батаците со пире од компири или ориз.