Бела Хадид во уште едно издание без панталони: Во прв план нозете и додаток од 3000 евра

popara26 февруари, 20251min00
b_250225025

Бела Хадид последниве денови е видена претежно во изданија во кои избегнува панталони, а уште едно од тие покажа вчера на Беверли Хилс.

Ѕвездата покажа лежерна облека по снимање во Беверли Хилс. 28-годишната манекенка уште еднаш ги покажа долгите нозе во облека во која ги прескокна панталоните.

Таа ги сврте главите во маичка со принт на En Vogue и кафени каубојски чизми, заедно со очила за сонце Шанел од 580 долари и тегет велур чанта.

Ова е нов модел на сосема новата Le City Bag на Balenciaga, која се продава за 2.900 долари.

Хадид, која е во врска со каубојот Адан Бануелос, деновиве избира каубојски детали за своите комбинации.

Сличен модел на чизми носеше неодамна на забавата на Frankie’s Bikinis, кога покажа уште едно издание „no pants“. Потоа искомбинирала екстра кратки шорцеви со тесна маичка, уште еднаш истакнувајќи ги нејзините нозе.

Интересно е што манекенката се појави во новата сезона на „Yellowstone“, американска нео-вестерн телевизиска серија во која глуми Кевин Костнер.