Бела Хадид не се откажува од стилот „без панталони“: Во микро шорцеви ги покажа долгите нозе

popara21 февруари, 20251min00
b_250221060

Трендот „без панталони“ минатата година им беше омилен на познатите дами, а се чини дека Бела Хадид не се откажува од него и во 2025 година. Познатата манекенка привлече внимание со неодамнешното појавување во ултра кратки шорцеви кои ги истакнаа нејзините долги нозе.

Хадид ги покажа своите долги нозе додека ја напушташе забавата за лансирање на својата нова линија на облека во Лос Анџелес во четвртокот навечер.

Неодамна беше објавено дека Бела дизајнирала ексклузивна колекција со брендот Frankies Bikinis од Лос Анџелес, а за да ја прослават соработката, Бела и модниот бренд приредија раскошна забава во хотелот Сансет Тауер.

За овој настан Бела носеше црни микро шорцеви и каубојски чизми. Таа имаше и тесна маичка на која преку градите беше испишано „Lucky“, а истото пишуваше и на нејзините кратки шорцеви.

Очите ги истакнала со малку потемна шминка, а изгледот го комплетирала со суптилни парчиња накит.

Хејли Бибер беше меѓу инфлуенсерите кои го поддржаа најновиот потфат на Бела и споделија детали од прославата на социјалните мрежи.

Кога станува збор за трендот „без панталони“, тој подразбира носење ултра кратки шорцеви, а во 2022 година познатите дами почнаа да ги носат овие модели се почесто во јавност.
Манекенката Бела Хадид беше една од првите што го прифати овој тренд, комбинирајќи бели шорцеви со едноставна маица, кожна јакна и Ugg чизми.