Некогашната златна двојка на Холивуд, двапати свршени, на почетокот на годината и ставија официјален крај на својата љубов. И додека Џенифер неколку пати досега го коментираше разводот, Бен како и обично се држеше настрана кога е во прашање неговиот приватен живот.
Меѓутоа, сега за GQ накратко и во свој стил коментираше за крајот на бракот со Џенифер Лопез.
– Да, нема скандал, нема сапуница, нема интриги. Вистината е, кога зборувате со некого: „Еј, што се случи?“, нема „Па, тоа се случи“. – рече Бен и додаде:
– Тоа е само приказна за луѓето кои се обидуваат да ги откријат своите животи и врски на начини на кои сите ние го правиме тоа.
Двојката, која беше свршена во раните 2000-ти пред да раскине и подоцна да ја обнови својата романса речиси две децении подоцна, се разделија на почетокот на оваа година по две години брак.
-Прво почнуваш да велиш: „Во ред, очигледно е дека оваа личност ги има овие проблеми. А причината поради која не сакам да ги споделам е малку непријатна“, објаснил познатиот актер, според People.
Афлек се осврна и на тоа зошто одлучил да биде вклучен во документарниот филм за нивниот брак од 2024 година, „Најголемата љубовна приказна никогаш не кажана“.
„Дел од тоа беше што ако сакам да учествувам на ова, сакам да се обидам да го направам тоа на фер начин и на начин што е интересен“, рече тој.
Афлек ја пофали Лопез (55) како некој што „повешто се справува со славата од него.”
– Мојот темперамент е да бидам малку порезервиран и поприватен од неа.
Афлек, исто така, изјави за GQ дека верува дека е „важно да се каже“ дека документарниот филм „не бил причина за некој голем раскол“ во неговиот однос со Лопез.
– Но искрено… вистината е многу повеќе секојдневна отколку што луѓето веројатно би верувале или би им била интересна.