Богати со витамин Ц: Нутриционистите велат дека треба да ги јадете овие намирници секој ден, заборавете на додатоците во исхраната

popara26 мај, 20251min00
Screenshot_6

Кога сакаме да изедеме некоја намирница која содржи витамин Ц, обично веднаш нѝ паѓа напамет – портокалот.

Ова сочно овошје со пријатен кисело-сладок вкус содржи значајна количина на витамин Ц, но дали еден е доволно за задоволување на нашата дневна потреба?

За жал, не. Еден портокал со средна големина содржи околу 68 милиграми витамин Ц (според општите препораки, мажите треба да внесуваат околу 90 мг., жените околу 75 мг., а на трудниците и доилките им е потребно нешто повеќе). Меѓутоа, тоа не значи дека нема корист да го консумирате – портокалот содржи влакна кои се важни за добрата дигестија, а лимонот е исто така извор на витамин Ц, но содржи значително помалку од портокалот (40 мг.).

Еве кои намирници содржат повеќе витамин Ц од лимонот:

– Црвена пиперка (1/2 шолја): 95 милиграми

– Сок од грејпфрут (1 чаша): 70 милиграми

– Киви (средна големина): 64 милиграми

– Јагоди (100 гр.): 58 милиграми

– Брокула (1/2 шолја): 51 милиграм

– Кисела зелка (100 гр.): 50 милиграми

Важно е да се знае дека витаминот Ц се уништува на висока температура, така што намирниците кои изобилуваат со овој витамин е најдобро да ги јадете свежи односно сирови или кратко термички обработени. За на телото да му ги обезбедите сите потребни нутриенти, најдобро е да практикувате разновидна исхрана.