
Ви треба:
250 мл слатка павлака
200 г бело чоколадо
150 г кокос + 50 г за декорација
5 лажици џем од кајсии
Подготовка:
Изрендајте го белото чоколадо. Загрејте ја густата павлака додека не зоврие, потоа тргнете од оган и додадете го белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото целосно не се растопи. Потоа додадете го кокосот и џемот. Добро измешајте и ставете во фрижидер малку да се стегне. Формирајте топчиња и извалкајте секое во кокос.