
Направете брзи и вкусни бомбиви од бисквити, банана и ореви
Состојки:
- 400 гр мелени бисквити
- 3 банани
- 30 какао во прав
- 150 гр крем сирење
за декорација:
- мелени ореви
Подготовка:
Мелениот бисквит измешајте го со крем сирењето и испасираната банана. Смесата изгмечете ја со раце. Формирајте топчиња и валкајте ги во какао. Ставете во фрижидер еден час. Кога ќе ги послужите, посипете ги со мелени ореви.