Ви треба:
168 г путер, исечен на коцки
226 гр бело чоколадо, исечкано
2 јајца
2 жолчки
250 гр шеќер
1 лажица екстракт од ванила
219 гр брашно
3/4 лажичка сол
50 гр замрзнати јагоди
За глазурата:
270 гр шеќер во прав
45 ml полномасно млеко
60 гр замрзнати јагоди
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. На тивок оган растопете го путерот со белото чоколадо со постојано мешање. Потоа тргнете го од оган. Во поголем сад ставете ги јајцата, жолчките, шеќерот и екстрактот од ванила. Матете со миксер додека не побледи и изедначи. Додадете во смесата со растопениот путер и белото чоколадо, па матете додека не се соединат. Соединете ги брашното и солта со влажните состојки, па измешајте со шпатула додека не се соединат. Изблендирајте ги замрзнатите јагоди. Потоа, додадете ги јагодите во тестото, па истурете сè во плех обложен со хартија за печење. Печете 28-31 минута, па оставете ги да се изладат во тавче на решетка. Соединете го шеќерот со млекото. Изблендирајте ги јагодите, па измешајте со глазурата. Покријте ги брауни колачите со глазура. Добар апетит!