
Ќе ви требаат:
2 јајца
1 чаша јогурт
1 чаша шеќер
1/2 чаша масло
сок и кора од 1 лимон
1,5 чаши брашно
1/2 чаша кокос
1 прашок за пециво
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќер, додадете јогурт, масло, сок од лимон и рендана кора. Додадете кокос, потоа брашно измешано со прашок за пециво. Истурете во намастен плех и печете на 180°C околу 30 минути. По желба, додека е топола, прелијте со сируп (сок од 1 лимон + 2 лажици шеќер, сварен).