БРЗИ КАШКАВАЛ ТОПЧИЊА: Се топат во уста и се прават за час

popara15 мај, 20251min00
110721_shutterstock-2234244941_f

Потребно е:

500 гр кашкавал (Траписта)
50 гр рендан пармезан
едно јајце
100 гр брашно
презла
масло

Подготовка:

Изрендајте го кашкавалот, па додадете го пармезанот и едно јајце. Додадете брашно, па замесете тесто. Со раце формирајте топчиња, па валкајте ги во презла и пржете на средна топлина додека не поруменат. Извадете ги и наредете ги на хартиена крпа за да се впие вишокот маснотии.