БРЗИ ОВОШНИ БРАУНИ: Ви требаат само 2 состојки, а вкусни се како да сте се труделе со часови

popara25 февруари, 20251min00
115017_shutterstock-1248988771_f

Ви треба:

350 гр чоколадо за готвење
3 добро испасирани банани

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Чоколадото растопете го на пареа. Потоа додадете и испасирани банани и месете со блендер. Кога смесата ќе се соедини, префрлете ја во плех обложен со хартија за печење. Печете 35 до 40 минути, односно додека рабовите на колачите не почнат да се одвојуваат од ѕидовите на тавата. Оставете го колачот околу половина час да се стегне. Добар апетит!