
Ви треба:
500 г брашно
350 мл млака вода
1/2 кесичка прашок за пециво
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
50 мл маслиново масло масло
власец
Подготовка:
Замесете мазно тесто од топла вода, сол, прашок за пециво, масло и брашно. Поделете го тестото на еднакви делови и секој од нив развлечете го со сукало. Пржете ги лепчињата од двете страни, во загреано масло во тава, на средна температура. Потоа наредете ги едно врз друго и покријте ги. На крај, премачкајте ги со маслиново масло и наросете ги со власец.