Tiktok стана неисцрпен извор на трикови за убавина, носејќи необични, но често генијални совети кои можат да го променат начинот на кој ги користиме производите.
Почнувајќи од виралното „slugging“, метода во која лицето обилно се покрива со вазелин пред спиење, до едноставното подготвување тестенини со фета сирење кое го зафати светот, некои идеи се толку логични што се поставува прашањето – како на никој претходно не му текнало? Најновиот тренд кој ги освои љубителите на парфем ветува дека ќе го продолжи времетраењето на мирисот на кожата, со помош на неочекуван производ: прајмер за шминка.
Според многу корисници на TikTok, доволно е да нанесете мала количина прајмер на пулсните точки како што се зглобовите, вратот или зад ушите, а потоа да го испрскате парфемот. Идејата е дека прајмерот создава заштитен слој кој го забавува испарувањето на молекулите на мирисот, продолжувајќи го нивниот интензитет во текот на денот.