Британците истражуваат дали ЛЕД светлата на возилата се опасни за другите возачи

popara24 јануари, 20251min00
Macro,View,Of,Modern,Blue,Car,Xenon,Lamp,Headlight

ЛЕД светлата на автомобилите се на удар на критики во Велика Британија, каде илјадници возачи бараат нивна забрана. Истражувањето спроведено од британската организација на возачи, Здружението на автомобили, покажува дека три четвртини од членовите се чувствуваат заслепени од LED светлата во сообраќајот.

„Нашите членови ни кажаа дека ја чувствуваат напнатоста на посилните светла повеќе од кога било досега“, изјави Едмунд Кинг, претседател на Асоцијацијата за автомобили, за Дејли Меил.

Ситуацијата ја поттикна британската влада да започне независна студија за безбедноста на овој вид светлина. Скај њуз на оваа тема го пишува следново:

„Студијата доаѓа по зголемувањето на бројот на несреќи кои вклучуваат влијание на заслепувачките светла. Во 2023 година биле пријавени 216 сообраќајни несреќи, што е зголемување од претходната година.

Греам Дауни, член на лабуристите во парламентот, ја изрази својата загриженост за Скај њуз, велејќи:

„Зголемената безбедност за индивидуалните возачи не може да дојде на сметка на другите учесници во сообраќајот и пешаците.

Резултатите од британската студија се очекува да бидат објавени во текот на летото. Тогаш ќе знаеме каков е односот на властите кон ЛЕД светилките, пренесува ХАК Магазин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag