Актерката Брук Шилдс го прослави својот 60-ти роденден, а по тој повод на Инстаграм сподели фотографии на кои позира во бикини.
Имено, актерката позираше во црни бикини и уште еднаш воодушеви со својот изглед и фит фигура по која е препознатлива со децении. Заедно со фотографиите, Брук напиша: “Се разбудив во рајот и во новата деценија од животот. Ова е 60! Ви благодарам на сите за роденденските желби”.
Претходно, во интервју за списанието „Гламур“ во ноември 2023 година, Брук искрено зборуваше за своето стареење и откри дека има одредени стравови поврзани со естетските третмани.
“Се плашам од помислата да не личам на мене. Кога користев ботокс изгледав чудно и си помислив: “Ова не сум јас”, рекла таа.
Сепак, таа призна дека редовно користи пилинг и други третмани за убавина, бидејќи сака да го задржи природниот изглед и чувство на себе.
Брук Шилдс ја започна својата кариера како тинејџерска ѕвезда во 1980-тите. Нејзиниот прв голем успех дојде со контроверзниот филм „Pretty Baby“ од 1978 година, во кој таа играше млада девојка од Њу Орлеанс. Таа подоцна стана глобално позната благодарение на филмот „Blue Lagoon“ од 1980 година.
Покрај актерството, Брук постигна успех и како модел, појавувајќи се на насловните страници на многу познати списанија. Со текот на годините, таа успеа да задржи важно место во светот на забавата, а исто така стекна голема популарност преку сопствените деловни потфати, вклучително и линија на производи за нега на коса.