Салма Хаек неодамна ја сподели својата секојдневна рутина за нега на кожа и шминка со магазинот „Вог“, а клипот, кој првично беше споделен на Јутјуб, ги зафати социјалните мрежи и наиде на коментари кои ја фалат безвременската убавина на актерката.
Додека ги споделува нејзините омилени техники – вклучително и паметен трик за криење на седата коса што вклучува употреба на маскара – Салма зборува и за „сендвичот за убавина“, безвременски совети што ги наследила од нејзината баба.
Таа откри и како се справува со хиперпигментацијата, особено на очните капаци, кои ги прифатила како „природна сенка за очи“ во која се колне. Рекла и дека избира шминка наместо филери за контурирање на лицето.
“Морате да ја промените рутината за шминкање и убавина како што стареете. Можеби она што порано функционирало не функционира сега. Затоа е добро да бидете авантуристи, креативни и да се трудите да се забавувате додека го правите тоа”, вели Хајек, која оваа лекција ја научила од нејзината баба. „Јас сум многу среќна затоа што ја имав оваа баба која беше опседната со убавина и знаеше секакви трикови.“
Видеото со триковите и секојдневната рутина на Салма Хајек предизвика низа коментари во кои се восхитуваа на нејзината убавина и напишаа: „Како да ставила сè што имала, да го извалкала и некако се уште изгледа беспрекорно“, „Неверојатно е колку е убава“, „Зачудувачка убавица“, „Вака изгледа безвременската убавина“.
За потсетување, Хајек претходно откри дека нејзината убавина на 58-годишна возраст не е само резултат на природата, призна дека подлегнала на процедура за естетско подмладување.
Тоа е ултразвучна процедура за подигнување на кожата и зголемување на колагенот.