Вака Кејт и Вилијам го слават Денот на вљубените: Кралскиот пар објави емотивна фотографија држејќи се за рака (ФОТО)

popara14 февруари, 20251min00
Screenshot_23

Кејт Мидлтон пред неколку дена ја посети организацијата за заштита на децата, каде се сретна со мајки кои ги родиле своите деца во затвор. Сепак, вниманието на многумина го одвлече тоа што Кејт не носеше веренички прстен, а набрзо почнаа да се шират гласини дека таа и принцот Вилијам имаат проблеми во бракот.

 

 

 

Набргу откако се проширија гласините, кралскиот пар ги демантираше претпоставките, објавувајќи заедничка фотографија на Денот на вљубените. Во описот на објавата ставиле само срце, а на фотографијата направена во шума, Вилијам ја бакнува Кејт во образ.

 

„Најубавиот пар“, „Прекрасен момент, многу си сладок“, „Среќен Ден на вљубените. Остани вака насмеани засекогаш“, беа коментарите на нивните следбеници.

 

Фотографирана неколку пати без прстен

 

Иако многумина веднаш помислија дека се појавиле проблеми во нивниот брак, палатата Кенсингтон во 2020 година соопшти дека Кејт го отстранува својот накит кога ги посетува децата за да спречи потенцијални несреќи.

 

Таа во последните месеци неколку пати беше фотографирана без нејзиниот веренички прстен, кој е наследство од мајката на Вилијам, принцезата Дијана. Понекогаш го заменува со својот венчален прстен или друг прстен, за што некои шпекулираат дека е прашање на практичност. Лаура Кихна, основач на блогот „The Court Jeweler“ претходно коментираше на темата:

 

„Кралските жени ги носат своите прстени поинаку од нас. Некои, како кралицата Елизабета, ги носат своите веренички прстени речиси секој ден. Други, како кралицата Матилда и кралицата Мери, редовно носат други прстени наместо вереничките. А некои, како кралицата Летиција, не сме ги виделе со веренички прстени со години“.

 

Кејт покажа нов прстен минатата година

 

Да потсетиме дека во септември минатата година, војвотката од Кембриџ објави видео во кое откри дека завршила со хемотерапија. Потоа го покажа новиот прстен со кој го замени свршеничкиот. Откако ја забележале промената на нејзиниот накит, обожавателите сугерирале дека новиот прстен би можел да биде подарок од принцот Вилијам и да симболизира нов почеток по завршувањето на хемотерапијата.