Потребно е:
500 гр кора
за првото полнење:
3 јајца
3 лажици шеќер
1 чаша масло
половина чаша пченичен гриз
1 чаша јогурт
1 кесичка прашок за пециво
за второто полнење:
1 литар млеко
9 лажици шеќер
3 пудинзи од ванила
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Сварете го пудингот во млеко, па оставете да се излади со повремено мешање. Белките се матат со шеќерот, па се додаваат жолчките, маслото, гризот, јогуртот и прашокот за пециво. Поделете ја кората на 4 дела. На првите три кори ставете 4 лажици од првиот фил, а на четвртата топол пудинг. Свиткајте. Намачкајте ги штрудлите со малку масло. Печете 15 минути во загреана рерна на 180 степени. Оставете ги да се изладат, па исечете ги и посипете ги со шеќер во прав. Уживајте!