Вид на куфер кој има поголема веројатност да се изгуби на патување

popara21 јануари, 20251min00
International,Airport,Terminal.,Asian,Beautiful,Woman,With,Luggage,And,Walking

Иако е само јануари, многу луѓе веќе почнуваат да размислуваат за своите летни планови, а тоа вклучува и избор на куфер.

Постојат многу опции за избор, а причините за размислување за типот на куферот што треба да го изберете се многубројни. Сакате куфер во светли бои? Тврди или меки страни? Што е со големината? Искрено, има многу за размислување, но кога конечно ќе донесете одлука, ќе се чувствувате одлично… додека вашиот куфер не исчезне, пишува UNILAD.

Откако ќе поминете низ царина и ќе се качите на летот, можеби ќе помислите дека се е готово и дека сè што треба да направите е да го земете багажот на вашата дестинација.

Но, постои еден фактор што можеби не сте го земале предвид при изборот на куфер. Постои специфичен тип на куфер кој има 40 проценти поголема веројатност да исчезне.

Според истражувањето на Еминент, луѓето почесто избираат црни куфери, што ги отежнува препознавањето меѓу другите. Зошто тоа прави разлика? Па, експертот за патувања од американската компанија Wild Packs, Џејми Фрејзер, објасни дека е клучно да се препознае куферот на лентата за багаж.

Фрејзер рече да избегнувате црни куфери, кои обично имаат тркала, ако не сакате да ги мешате вашите со туѓи. Според него, „црните куфери се најчестиот вид багаж на глобално ниво, што ги прави најтешки за идентификување и најверојатно исчезнување“.

„Наместо тоа, изберете пошарена варијанта или додајте уникатни детали што ќе го направат лесно препознатлив“, вели тој и додава дека етикетата со податоци треба да биде безбедно закачена и на рачката на куферот, без разлика на неговата боја, пренесува Вечерњи лист.