ВИКЕНД СПИЕМЕ ЕДЕН ЧАС ПОМАЛКУ Летното сметање на времето започнува од овој датум

popara25 март, 20251min00
Screenshot_5

На крајот на март почнува летно сметање на времето Летното сметање на времето во 2025 година почнува на 30 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот.

 

 

 

Во 2018 година, Европската комисија предложи укинување на сезонските промени на времето, односно поместувањето на часовниците двапати годишно. Оваа иницијатива беше поттикната од јавната консултација во која учествуваа 4,6 милиони граѓани на ЕУ, при што над 80% од нив се изјаснија против поместувањето на часовниците. Главните аргументи беа поврзани со здравствени проблеми, нарушување на биоритамот, намалена продуктивност и неефикасноста на оваа практика во заштедата на енергија.

 

Европската комисија предложи секоја земја-членка да одлучи дали ќе остане на летно или зимско сметање на времето, а последното задолжително поместување на часовниците требаше да биде во 2019 или 2020 година. Сепак, поради различните ставови на земјите-членки и потенцијалните компликации за внатрешниот пазар на ЕУ, одлуката беше одложена. Советот на ЕУ, кој треба да даде финална согласност, сè уште нема донесено конкретна одлука, па сезонските промени на времето остануваат на сила барем до 2026 година.

 

Проблемот со укинувањето на летното сметање на времето е што различни земји имаат различни интереси. Додека северните и западните држави повеќе се залагаат за задржување на зимското сметање на времето, јужните и источните земји претпочитаат летно време заради подолгите денови и економските бенефити. Досега, не е постигната усогласеност меѓу членките на ЕУ, па времето сè уште се менува двапати годишно.