Актерот Вил Смит неодамна откри интересен детал од кариерата кој до сега го чувал во тајност.
Актерот призна дека ја одбил главната улога во култниот филм „Inception“ на режисерот Кристофер Нолан, бидејќи заплетот не му бил доволно јасен во тоа време.
„Никогаш порано не сум го кажал тоа јавно, но чувствувам дека сега можеме да се отвориме еден на друг“, изјави Смит за британската радио станица Kiss Xtra, пренесува Far Out Magazine.
Иако никогаш порано не зборувал за тоа, сега призна дека тоа е една од одлуките за кои и денес жали.
“Нолан прво ми го понуди “Inception”, но јас не го разбрав. Сега кога размислувам за тоа, овие филмови за алтернативните реалности не е лесно да се објаснат. Но и мене ме боли”, искрено изјави Смит.
Улогата што Смит ја одби на крајот беше прифатена од Леонардо ди Каприо, а филмот постигна огромен успех и стана едно од најпознатите дела на Нолан. Интересно е и тоа што пред Ди Каприо главната улога му била понудена и на Бред Пит.
Ова не е прв пат Вил Смит да пропушти големи можности. Со текот на годините ги одбил и улогите во филмовите „Матрикс“ и „Џанго“, кои исто така станаа големи хитови.
Инаку, Смит во последно време се повлече од филмскиот свет за да се посвети на музиката. Во март годинава го објави новиот албум наречен „Based on a True Story“ кој е негов прв музички проект по дваесет години. Веќе ова лето планира европска турнеја, вклучувајќи и настапи во Обединетото Кралство.