Потребно е:
200 гр семе од афион
4 лажици гриз
300 гр мелени бисквити
150 гр путер
1 ванилин шеќер
неколку лажици шеќер
една лажица арома на ванила
600 мл млеко
За преливот:
150 гр чоколадо
50 мл слатка павлака
Подготовка:
Во тенџере истурете ги семките од афион, гризот, млекото и ванилиниот шеќер и варете на тивок оган додека не се згусне. Додадете шеќер по вкус. Во згусната смеса додадете путер на собна температура. Мешајте додека не се растопи путерот. Потоа додадете го бисквитот. Мешајте додека добро не се соединат сите состојки. Префрлете ја смесата во калап и ставете ја во фрижидер. За тоа време растопете ја чоколадата со густата павлака за да добиете ганаш, односно прелив. Прелијте го колачот со ганашот и оставете го во фрижидер неколку часа. Декорирајте по вкус, исечете и послужете. Добар апетит!