Во Амстердам отворена градина со 200.000 лалиња, официјално започна сезоната на овие цвеќиња во Холандија

popara19 јануари, 20251min00
250118126

Националниот ден на лалињата денеска го означи официјалниот почеток на сезоната на лалиња во Холандија.

По повод овој празник, во Амстердам е отворена голема градина со околу 200.000 лалиња, кои посетителите можат да ги берат, јавуваат холандските медиуми.

Овој настан оваа година има посебно значење бидејќи се совпаѓа со 750-годишнината од основањето на Амстердам.

Мотото на овогодинешната сезона на лалиња е „Прославете го вашиот важен датум“, а целта е да се поттикнат луѓето да купат букети од овие цвеќиња за да одбележат лична прослава.

Годинава ќе биде претставен и нов вид на лале кое го носи името на холандскиот пејач Иво Беренсе.