ВО НОВИОТ ФИЛМ, ЏЕЈ ЛО ГИ УБИВА ЉУБОВНИЦИТЕ СО БАКНЕЖ Филмот е римејк на култен филм – еве кога премиерно ќе биде прикажан (ВИДЕО)

popara9 јуни, 20251min00
Screenshot_4

Трејлерот за мјузиклот „Kiss of the Spider Woman“ (Бакнежот на жената пајак), во кој улогата ја толкува Џенифер Лопез, само неколку часа по објавувањето собра многу пофалби.

Ова е дебито на Џенифер Лопез во мјузикл, а во трејлерот можете да ја слушнете како ја пее една од најпознатите песни од мјузиклот – Where You Are.

Целиот мјузикл зрачи со естетиката на стариот Холивуд, а нејзините трансформации во филмот се неверојатно шармантни.

Самата Лопез претходно изјави дека нејзината улога во „Бакнежот на жената пајак“ е најпредизвикливата и најнаградувачката што некогаш ја имала:

“Тоа е мрачна приказна, но и приказна за љубовта и опстанокот, за помагање еден на друг во тешки времиња. Мислам дека тоа е порака што навистина ни треба во моментов”, изјави Лопез.

Во рецензијата на списанието Variety, филмскиот критичар Питер Дебруж изјави дека ѕвезда како Џеј Ло може да ја привлече дури и онаа публика која вообичаено не сака мјузикли, наведува Кликс.

Филмот го режираше Бил Кондон, а покрај Џенифер Лопез, главните улоги ги толкуваат Тонатиух Елизарараз и Диего Луна. Продуценти на филмот се Артист Иквити, Бери Џозефсон, Том Кирдахи и Грег Џолен, додека Џенифер Лопез, Бен Афлек и Мет Дејмон се наведени како копродуценти.

Филмската адаптација е базирана на сценскиот мјузикл од 1993 година, напишан од Теренс Мекнали, Џон Кандер и Фред Еб.

Во филмот Лопез ја игра Ингрид Луна, легендарна филмска дива чија најпозната улога е жената пајак, способна да ги убие своите љубовници со бакнеж.

Дејствието е сместено во 1981 година, за време на војната во Аргентина. Фризер Луис, кој отслужува затворска казна, ја користи својата имагинација и ги замислува филмовите на Ингрид за да избега од суровата реалност. Кога марксистот Валентин (Диего Луна) е доведен во неговата ќелија, двајцата развиваат необична врска преку магијата на музиката и филмот.

Филмскиот мјузикл беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал Санденс во јануари оваа година, а во кината ќе биде достапен од 10 октомври.