Мотивацијата за вежбање на одредена возраст почнува нагло да опаѓа, а експертите објаснија зошто тоа се случува, како и каква улога игра мозокот и што можете да направите и покрај природниот пад на мотивацијата.
Според новото истражување, многу луѓе почнуваат помалку да се движат и да вежбаат околу 49-тата година. Ако ја знаете точната возраст кога нивото на физичка активност почнува да се намалува, тогаш можете да се мотивирате да усвојувате активни навики порано, можеби дури и пред промените во мозокот да почнат да го отежнуваат движењето.
„Отсекогаш велевме дека физичката активност се намалува со возраста. Убаво е што сега може да се поврземе со таа конкретна бројка“, вели истражувачот Тимоти Морис.
Тој е исто така коавтор на студија заснована на серија истражувања за долговечноста кои покажуваат колку е тешко да се одржи физички активен животен стил преку стареењето. Одредени студии покажуваат дека забрзаното стареење се јавува на возраст од 44 до 60 години.
Според експертите, физичката активност нагло опаѓа околу 49-тата година. Една од причините за падот на нивото на физичка активност може да биде мозокот, бидејќи делот од мозокот кој помага во контролата на импулсите се менува со стареењето.
„Во одреден момент, мозокот едноставно престанува природно да ја инхибира потребата да остане неактивен, па каучот станува сè попримамлив“, објаснува Морис.
За да се мотивирате да се движите, и покрај желбата да останете неактивни, препорачливо е да започнете рано, како и да изберете физички активности кои би можеле да ви дадат задоволство и да се чувствувате добро.