„Ги слушнав коските како ми пукаат…“: Актерот доживеал катастрофална несреќа додека чистел снег, животот му висел на конец

popara1 мај, 20251min00
Screenshot_7

Актерот Џереми Ренер проговори за деталите од својата речиси кобна несреќа што се случи на почетокот од 2023 година. Тој тогаш беше прегазен од машина за чистење снег, откако се обидел да го спаси својот тогаш 27-годишен внук Алекс.

 

 

 

„Можев да го видам својот живот. Сè ми се појави одеднаш пред очи. Можеби беа десет секунди, можеби пет минути. Знам дека умрев. Кога пристигна брзата помош, забележаа дека пулсот ми паднал на 18. А 18 отчукувања во минута значи дека практично си мртов“, напиша во своите мемоари „Мојот следен здив“ (My Next Breath).

 

„Шест е**ни тркала, 76 челични сечила, повеќе од 6.000 килограми машина, сè против едно човечко тело. Ги слушав како пукаат сите коски… Череп, вилица, задни заби: листна коска, потколеници, бели дробови, очни дупки, карлица, лакотна коска, нозе, раце, кожа, кршење, крцкање, пукање, стискање“, додаде тој.

 

По несреќата, Ренер имал повеќе од 30 скршени коски, вклучувајќи 14 ребра, скршен рбет, скршена потколеница и клучна коска, а добил и многу други повреди – дупнат бел дроб, расечен црн дроб и голема рана на главата. Додека лежел во снегот, вели дека не бил свесен во каква состојба му е телото.

 

„Вистината е дека градниот кош ми беше повреден, а скршеното и ишчашено рамо и клучна коска ми ги притискаа белите дробови до точка на задушување“, објасни тој.

 

Една од најстрашните повреди му била таа што левото око му „насилно излетало од черепот“ поради скршената орбитална коска. „Можев со десното око да го видам левото“, се присети.

 

Иако актерот беше прегазен од огромна машина, најголемата опасност му се заканувала од хипотермија, бидејќи лежел во снегот.

 

„Со температури кои тој ден беа околу нула, и моето тело во шок, заглавено на заледен приод, смртоносниот студ почна опасно да ме гризе“, напиша тој.

 

Ренер итно бил пренесен во болница во Рено, каде што имал неколку операции.

 

Се присети и на првата порака што успеал да ја напише на мобилен и да им ја покаже на семејството: „Ако дојде до тоа да морам да живеам на апарати или под силни болки и лекови… Одлучувам да НЕ продолжам со живот без достоинство. Проживеав сè што сакав да живеам“.

 

По шест дена, актерот бил пренесен во болница во Лос Анџелес, каде бил подложен на уште неколку операции. По подолга борба, бил пуштен од болница на 13 јануари, но патот до опоравување бил многу долг.

 

„Сè ми беше загипсирано. Телото ми беше полно со титаниум, модрици, спојници и коски кои сè уште беа скршени низ целото тело“, откри Ренер.

 

Кога стигнал дома, првото што направил било да испие чаша вино, а потоа веднаш почнал со работа. Се согласил во неговиот дом да се инсталира што повеќе опрема за рехабилитација, и користел многу додатоци во исхраната за побрзо закрепнување.

 

„Но, таа желба за нормалност, за поместување на границите, беше тоа што ме водеше низ секое искушение во животот, не само по несреќата“, раскажа тој.

 

Неколку месеци по несреќата, актерот целосно се опоравил, а сега признава дека никогаш не пожалил што го спасил својот внук.

 

„Мораше нешто да направам. Во тие неколку секунди, неговиот живот висеше на конец. Ако машината го удреше, ќе го смачкаше до смрт, нема сомнеж“, нагласи Ренер.