Холивудскиот актер Глен Пауел неодамна гостуваше во подкастот „Today with Jenna & Friends“, каде што се осврна на шпекулациите дека е во љубовна врска со колешката Сидни Свини. Гласините се појавија откако двајцата беа забележани заедно на свадбата на неговата сестра Лесли.
Во разговорот со водителката Џена Буш Хагер, Пауел со насмевка коментираше дека фотографиите кои привлекоа внимание на јавноста се резултат на одличниот однос меѓу неговата сестра и Свини.
„Знаете, сè е во тајмингот. Лесли и Сид се многу добри пријателки, свадбата беше феноменална“, изјави актерот, додавајќи дека станува збор за весело семејно собирање.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА.
По бројните шпекулации, на темата се огласи и мајката на Глен, Синди Пауел, која во изјава за странски медиум категорично демантираше дека нејзиниот син и Суини се пар.
„Тие дефинитивно не се заедно. Ја сакаме Сидни, таа е прекрасна девојка и добра пријателка на нашето семејство. Сите бевме заедно на свадбата, долго време ја немавме видено и навистина уживавме во нејзиното друштво“, изјави таа.
Во меѓувреме, се појавија информации дека Свини ја раскинала свршувачката со Џонатан Давино. Според странски извори, парот поминува низ криза и одлучил привремено да го откаже венчањето.
„Сидни и Џонатан имаат сериозни проблеми, но сè уште не раскинале целосно. Работите не се најдобри во моментов, но не се откажуваат. Се обидуваат да ја спасат врската, но венчањето засега е одложено“, изјави близок извор.