Голем хороскоп за декември 2025 година

popara2 декември, 202526min00
Screenshot_15

Декември пристигнува со космичка драма, жешки љубовни моменти и силни финансиски можности.

Полната месечина на 5 декември ни носи информации, признанија, повици или пораки кои не можеме да ги игнорираме. Сè што било во сенка и магловито, конечно станува јасно.

На 10 декември доаѓа пресврт со преминувањето на Нептун во директно движење. Таинствената планета ни ги враќа инспирацијата, креативноста и интуицијата. Во областите каде што бевме несигурни, сега одеднаш знаеме што сакаме.

Меркур на 11 декември внесува огнена, експанзивна комуникација, па нè очекуваат повеќе разговори, повеќе предлози, повеќе флерт…

Вистинскиот адреналин ни го подарува Марс од 15 декември. Огнената планета нè турка во акција и нè поттикнува да сме посмели и посклони да ризикуваме.

Под влијание на Сонцето, по 21 декември ќе станеме посериозни и ќе ја цениме стабилноста во животот.

Благодарение на Венера, празничниот период ќе ни биде полн со љубов, хармонија, топлина и романтични пресврти.

Најсреќни во декември ќе бидат СТРЕЛЦИТЕ и ЈАРЦИТЕ.

ОВЕН

Љубов

Срцето ви трепери, инстинктите ви се изоструваат, а романтичните желби ви стануваат похрабри од кога било. Декември пристигнува како искра што ги распламтува вашите страсти и ги буди сите огнени желби што ги чувавте длабоко во себе. Очекувајте љубов што се чувствува во секој атом од телото.

Сонцето во Стрелец до 21 декември ја активира вашата 9-та куќа на авантурата, експанзијата и големите љубовни гестови. Во овој период сте немирни и жедни за повеќе… за повеќе допири, за повеќе искреност и за моменти кои ги кршат правилата на секојдневието. Овните кои се во врска ќе почувствуваат како срцето им се отвора кон нови заеднички планови, а овните кои се сингл ќе остават силна трага во мислите на некој кој го симпатизираат.

Полната месечина на 5 декември свети во вашата 3-та куќа на комуникацијата и разговорите што срцето го забрзуваат. Ви претстојат признанија, пораки кои лесно ќе ги дешифрирате, флерт кој преминува во нешто многу подлабоко или ненадејно откривање на нечија намера. Некоја вистина што долго била неизговорена конечно излегува на површина.

Нептун повторно се буди и на 10 декември преминува во директно движење во Риби, односно вашата 12-та куќа на тајните и фантазиите. Конечно гледате зошто сакате, точно кого сакате и зошто некои љубовни приказни морале да завршат. Овните кои не се во врска ќе почувствуваат дека интуицијата им покажува кон кого да се приближат.

На 11 декември, Меркур влегува во Стрелец и ја продолжува огнената приказна во вашата 9-та куќа. Секој разговор носи возбуда, секоја идеја станува романтична можност, а патувањата се исполнети со романтични и сексуални искри. Вашите зборови стануваат магнет.

По 15 декември, Марс ја активира вашата 10-та куќа на статусот и долгорочното обврзување. Ќе сакате нешто посериозно, нешто стабилно, нешто што ќе ве исполни со гордост. Овните кои се во врска ќе направат силен чекор напред – свршувачка, брак, заедничко живеење. Овните кои се сингл ќе привлекуваат личности кои знаат што сакаат во животот или веќе имаат висок статус во општеството.

Младата месечина на 20 декември отвара нова љубовна врата во вашата 9-та куќа. Ова е почеток на поглавје полно со романтични авантури, љубовни патувања, духовни поврзувања и моменти кои изгледаат како филмска сцена. Срцето ви станува компас.

На 21 декември, Сонцето преминува во Јарец, осветлувајќи ја вашата 10-та куќа. Љубовта добива структура и вие чувствувате дека е време да изградите нешто трајно и стабилно.

Откако на 24 декември Венера ќе влезе во вашата 10-та куќа, уште повеќе ќе се стремите да ја зацврстите врската. Ќе сакате да стоите до партнер на кој безусловно ќе можете да се потпрете и во чии прегратки ќе се топите во студените месеци. Овните кои не се во врска може да запознаат некого преку работа, јавен настан или во момент кога ќе изгледаат најуспешно.

Пари и кариера

Декември е месец што ќе ве исправи на нозе, ќе ве протресе и ќе ве поттикне да мислите амбициозно и без граници.

Сонцето во Стрелец до 21 декември ја осветлува вашата 9-та куќа на визиите, меѓународните можности и професионалниот раст. Сè што е далечно, сè што е ново, сè што бара храброст е токму она што ќе ви носи успех.

Полна месечина на 5 декември во Близнаци ја активира вашата 3-та куќа на преговорите, документите и комуникациските проекти. Договор кој се влече може конечно да се потпише. Презентација може да ви донесе внимание. Некој разговор може да ви го смени правецот на работата.

На 10 декември Нептун преминува директно во Риби и ја расчистува вашата 12-та куќа. Конечно ги ослободувате стравовите и блокадите кои ви пречеле во професионалниот раст. Ќе знаете точно што треба да оставите зад себе за да заработувате повеќе.

Меркур влегува во Стрелец на 11 декември и повторно ја осветлува вашата 9-та куќа. Разговорите со странски партнери се интензивираат, идеите за нови насоки се раѓаат, а менталниот фокус е неверојатно силен. Мозокот ви работи со брзина на светлината.

На 15 декември вашат а планета-владетел Марс ја активира вашата 10-та куќа на кариерата. Ова е еден од најсилните транзити во 2025 година за вас. Вашата амбиција се претвора во резултати, а вашиот авторитет расте, па можете да ги освојувате професионалните врвови.

Младата месечина на 20 декември повторно ја засилува 9-тата куќа и ве турка да започнете нов проект, обука, старт-ап, нова соработка или нешто што ќе ве подигне на повисока позиција во 2026 година. На овој датум ве очекува нов почеток што не смеете да го пропуштите.

На 21 декември Сонцето влегува во Јарец и ја заживува вашата 10-та куќа. Од овој момент, светлата на сцената се насочени кон вас. Може да добиете признание, унапредување или важна шанса.

Хармоничната Венера на 24 декември влегува во Јарец и создава хармонија на работа. Соработките се подобруваат, покровители и влијателни личности ви се наклонети, а вашата репутација расте. Луѓето ве перципираат како личност со која вреди да се комуницира и соработува.

Комбинацијата Сонце + Марс + Венера во вашата 10-та куќа кон крајот на месецот е космички сигнал за голем успех.

Здравје

Престојот на Сонцето во Стрелец до 21 декември ја активира вашата 9-та куќа на физичката експанзија, движењето и авантурите, па телото се буди со желба за активност. Овој период ви носи повеќе енергија, мотивација и потреба да „горите“ калории во динамични активности.

Полна месечина на 5 декември ја осветлува вашата 3-та куќа, што може да донесе момент на ментална преоптовареност. Можеби ќе почувствувате дека мозокот ви работи премногу брзо, па ви треба мал одмор, тишина или пауза од дигиталниот хаос.

На 10 декември, Нептун преминува во директно движење во вашата 12-та куќа и ви носи духовно олеснување. Стресот се растопува, а психата се чисти. Крајот на годината е совршен период за медитација, терапија, масажи, креативни ритуали и мирување.

Младата месечина на 20 декември во Стрелец повторно буди нова страница. Деветтата куќа ве охрабрува да започнете нов режим на исхрана, нов спорт или здравствена пракса што ќе ве води во новата година.

На 21 декември, Сонцето влегува во Јарец и ви носи силна дисциплина, но и предупредување да не се трошите премногу. Телото сака рутина, но не и ригидност.

Слушајте го телото и тоа ќе „извади“ најдобрата верзија од вас во 2026.

БИК

Љубов

Декември не ви нуди површна романтика, туку трансформација, рушење на стари блокади и повторно раѓање на силни љубовни желби. Последниот месец од 2025 година ви ги буди крвта, срцето, амбициите… сè во вас се вжештува. Спремете се за возбуда и нови почетоци.

До 21 декември Сонцето во вашата 8-ма куќа внесува силна сексуална хемија, па ги активира длабоките страсти и фантазии, но и отвора врати што подолго сте ги чувале затворени. Во врска сте? Може да се роди нова искра и да почувствувате силно привлекување меѓу вас и партнерот, како повторно да се откривате еден со друг. Биковите кои не се во врска имаат огромна шанса да запознаат личност која веднаш ќе им го забрза пулсот. Замислете си прва средба што ќе ве остави без здив и некој што ве гледа со поглед што кажува „сакам да те запознам подлабоко“.

Полната месечина во Близнаци на 5 декември ја осветлува 2-рата куќа и ви носи вистински љубовни пресврти. Многу Бикови ќе добијат порака што долго ја чекале, ќе иницираат искрен разговор или ќе слушнат комплимент кој им го стоплува срцето. Можно е партнерот да каже „Те сакам“ првпат, или вие конечно да признаете што чувствувате. Кај слободните Бикови, ова е ден на флерт кој прераснува во прв бакнеж.

Од 10 декември, кога Нептун повторно се движи директно во вашата 11-та куќа, љубовните илузии се расчистуваат и на нивно место доаѓаат реални можности. Пријател кој одамна има симпатии кон вас може конечно да направи чекор. Ако сте во врска, може да паднат маските и партнерот да ви открие нежност или ранливост што никогаш не сте ја виделе. Тоа ќе создаде интимност што зближува на најдлабоко ниво.

Периодот по 11 декември, односно откако Меркур ќе премине во вашата 8-ма куќа, е совршен за разговори што одат далеку под површината. Може да разговарате со саканиот за заедничка иднина, за зацврстување на врската или за желбите што обајцата ги носите во себе, вклучувајќи и оние во спалната соба. Ова е време кога комуникацијата создава еротска тензија изразена преку интензивни погледи, тивки моменти, допири што растреперуваат…

Од 15 декември Марс во вашата 9-та куќа носи авантура и смелост во љубовта. Може да тргнете на кратко патување што ќе ви го распламти односот, да се изгубите со партнерот во хотелска соба далеку од секојдневието или да откриете некоја нова страна од себе. Слободните Бикови може да запознаат атрактивна личност од друга земја или град која ќе ги освои тотално.

Младата месечина во Стрелец на 20 декември во 8-мата куќа создава вистински нов почеток. Ова е ден кога страста кулминира, па се раѓаат нови врски преку интензивни разговори, преплетени раце и хемија што не може да се контролира. Во врските на биковите доаѓа до силно интимно зближување и можност за нова искра, нови фантазии, ново разгорување на температурата во спалната.

Од 21 декември Сонцето влегува во вашата 9-та куќа, а љубовта добива димензија на раст, мудрост и огромен оптимизам. Партнерот може да предложи заедничко патување или да ви приреди изненадување што ќе ви ја разубави годината. Ако сте слободни, ќе  привлекувате личност која ве гледа со восхит и ве инспирира да бидете подобри.

А кога Венера ќе влезе во Јарец на 24 декември, сè станува уште поубаво. Крајот на 2025 година е период на подароци од срце, романтични изненадувања, долги вечери со интимни разговори и можеби дури и први признавања на силни чувства. За слободните Бикови, празничните денови носат шанса за незаборавна љубовна ноќ.

Пари и кариера

Декември ви носи чувство дека конечно сте на вистинската страна од арената. Сонцето кое се движи низ вашата 8-ма куќа до 21 декември создава можност за раст преку партнерства, бонуси, договори и поддршка од луѓе што веруваат во вас. Всушност, месецов доаѓа со конкретни резултати, а не со празни ветувања.

Полната месечина на 5 декември ја раздвижува вашата 2-ра куќа на личната заработка и ви носи јасни исходи од трудот што сте го вложиле во последните шест месеци. Можно е да добиете подобра понуда, зголемена плата или парична награда која конечно ќе го оправда вашето залагање. Некои Бикови ќе добијат информација за повисока позиција или унапредување што започнува да се подготвува зад кулисите.

На 10 декември Нептун продолжува со директно движење низ вашата 11-та куќа, расчистувајќи магла околу тимски проекти и колективни обврски. Ова е момент кога ќе се покаже кој е вистински сојузник, кој има добри намери, а кој е пречка.

Меркур влегува во Стрелец на 11 декември и носи разговори за договори, распределба на средства, нови задачи, подобри услови или нов проект кој ќе донесе стабилен тек на средствата. Овој транзит ве поддржува да преговарате храбро и да добиете повеќе отколку што сте очекувале.

Кога Марс започнува да се движи низ Јарец на 15 декември, вашата 9-та куќа станува сцена на амбиција што не познава граници. Можно е да добиете понуда за работа што ве носи повисоко, проекти со странски клиенти, патувања поврзани со кариера или идеја да започнете обука која ќе ви ги отвори вратите во 2026 година. Одеднаш ќе поч увствувате дека растете, дека напредувате, дека имате повеќе од тоа што некогаш сте мислеле дека заслужувате.

Младата месечина во Стрелец на 20 декември во вашата 8-ма куќа носи нов договор, нов клиент, нова шанса, нов заеднички проект или нов прилив на пари. Некои Бикови ќе добијат позитивен исход од институција, банка или партнер кој решава да вложи во нив.

На 21 декември Сонцето влегува во Јарец и го осветлува вашиот 9-ти сектор, внесувајќи нова визија во кариерата. Мислите ви се поамбициозни, целите повисоки, а вашиот професионален авторитет почнува да расте. Можно е да се јави идеја за преселба, усовршување или сопствен бизнис.

На 24 декември Венера го следи истиот пат и внесува хармонија во професионалните односи. Луѓето ве гледаат со почит и доверба, а вашиот имиџ станува најсилниот адут. Можно е да добиете убаво признание, неочекуван бонус или деловна понуда која изгледа како празничен подарок.

Здравје

Декември ви носи длабока, вистинска регенерација. Сонцето во вашата 8-ма куќа до 21 декември ве насочува кон нега што навистина допира таму каде што најмногу ви треба, т.е. во нервниот систем, во емоциите и во деловите од телото што реагираат на стрес. Овој период е идеален за терапија, дополнителна самогрижа и ритуали што имаат духовен и физички ефект.

Полната месечина во Близнаци на 5 декември ја осветлува вашата 2-ра куќа и ве потсетува да го негувате телото со дисциплина. Можеби ќе почувствувате потреба за промена на исхраната, за регулирање на шеќерот, за стабилизирање на апетитот или за полесно функционирањето. Во овој период лесно ќе ги елиминирате навиките што ве изморуваат.

Кога Нептун преминува во директно движење на 10 декември во вашата 11-та куќа, менталниот притисок почнува да се намалува. Последните месеци носеа премногу грижи за обврски и луѓе, но сега сè станува полесно. Ова е совршен момент да се повлечете од хаосот и да изберете што ви годи, а што не.

Влегувањето на Меркур во вашата 8-ма куќа на 11 декември ве поттикнува да слушате што ви кажува телото. Ако ви сигнализира за пауза, слушајте го. Овој период е поволен за превентивни или контролни прегледи, анализа на здравствени навики и донесување конкретни одлуки за промени.

На 24 декември Венера носи смиреност во вашето тело. Спиењето станува подобро, нервниот систем се смирува, а кожата реагира на нега поубаво од обично. Крајот на годината е прекрасен период за масажи, термални бањи, ароматерапија и сите ритуали што го враќаат мирот.

БЛИЗНАЦИ

Љубов

Декември нема воопшто да биде тивок месец за вас. Љубовта ќе влета во вашиот живот со ветување дека она што доаѓа ќе биде поинтензивно и послатко од сè што сте искусиле досега.

Полната месечина во вашиот знак на 5 декември го отвора месецот со голем емотивен пресврт. Ќе изгледате заводливо, самоуверено и полетно. Близнаците кои не се во врска можат да привлечат нова личност буквално со еден поглед, а токму овој ден може да донесе прв контакт со некој што подоцна ќе стане незаборавна и незаменлива фигура во вашиот живот. За оние во врска, ова е време на искрен разговор кој ја менува динамиката и создава емоционална искреност каква ви недостасува.

Сонцето до 21 декември се движи низ вашата 7-ма куќа на партнерствата. Односите стануваат централна тема, а некој што го гледате оддалеку почнува да се доближува. Овој транзит носи вистински љубовни шанси: први состаноци што се претвораат во ноќни прошетки, први бакнежи во неочекуван момент, флертувања што не се само флерт игри, туку и најави за нешто посериозно.

Кога Нептун продолжува со директно движење во вашата 10-та куќа на 10 декември, љубовниот план се помешува со професионалниот. Можно е да почувствувате привлечност кон некој од работа или да се појави личност која ве гледала долго време додека вие не сте забележале. Одеднаш станува јасно кој е искрен и кој само ви го губел времето.

Влегувањето на Меркур во Стрелец на 11 декември ги прави разговорите подиректни и повозбудливи. Во вашата 7-ма куќа ова значи флертови што стануваат бестрашни, пораки што се поотворени од вообичаено и средби кои од старт имаат „хемија“. Близнаците во врска може да започнат важни дискусии за заеднички чекори или планови.

Кога Марс ќе премине во вашата 8-ма куќа на 15 декември, љубовта добива потемен, посекси, поинтензивен тон. Сексуалната хемија расте до точка каде што станува магнетна. Близнаците кои се во врска чувствуваат повторно разгорување на љубовната и сексуалната искра, а слободните Близнаци влегуваат во период кога привлечностите се опасно силни. Можно е прво допирање или прв интимен момент со личност што силно ве интригира.

Младата месечина во Стрелец на 20 декември создава ново љубовно поглавје во вашата 7-ма куќа. Некои Близнаци ќе влезат во нова врска токму околу овој датум. Други ќе добијат покана за состанок, ќе доживеат прво „те сакам“ или ќе почувствуваат дека љубовта им станува реалност, не само идеја.

Преминот на Сонцето во Јарец на 21 декември ја продлабочува интимноста, па носи страст, искреност и емоционална близина. Многу Близнаци ќе доживеат интимни моменти кои ги менуваат односите засекогаш.

Кога Венера ќе влезе во Јарец на 24 декември, страста се комбинира со длабока нежност. Празничниот период носи жешки игри зад затворени врати, интимни признанија под колоритните сијалички и чувство дека конечно сте на вистинското место, со вистинската личност.

Пари и кариера

Декември е месец кога Близнаците конечно ја добиваат професионалната стабилност која ја посакуваа веќе подолго време. Со Сонцето до 21 декември во вашата 7-ма куќа, фокусот паѓа на договорите, партнерствата, соработките и работните односи. Можно е да добиете нов клиент, нов договор или поддршка од личност која има авторитет и влијание.

Полната месечина во вашиот знак на 5 декември ви носи завршување на проект кој ви носел нервоза, но и награда која ве прави горди. Ова е време кога ќе добиете признание, пофалба или конкретна понуда што ве подига неколку скалила погоре во кариерата. Некои Близнаци може да добијат нова улога, задачa или медиумска експонираност.

Од 10 декември, кога Нептун повторно се движи директно во вашата 10-та куќа, се расчистуваат забуни околу кариерата. Ако имало блокирани можности, сега се отвораат. Може да добиете јасен одговор од компанија или личност од која очекувавте фидбек.

Влегувањето на Меркур во Стрелец на 11 декември ве поттикнува да преговарате храбро. Во вашата 7-ма куќа ова значи успешни договори, подобри услови или зголемување на цените на вашата работа. Вашиот глас се слуша, а вашето мислење е ценето.

Кога Марс ќе го активира вашиот 8-ми сектор на 15 декември, финансиските приходи стануваат подинамични. Може да добиете бонус, процент, исплата од проект, враќање долг или приход преку заеднички ресурси. Со транзит ќе работите повеќе, но и ќе добивате повеќе.

Младата месечина на 20 декември во 7-мата куќа носи нови партнерства, нови договори и нови работни почетоци. Овој ден може да означи почеток на професионална приказна која ќе трае со години.

Сонцето влегува во Јарец на 21 декември, а Венера му се придружува на 24 декември. Заедно тие ја активираат вашата 8-ма куќа и носат конкретни материјални резултати. Можно е зголемување на приходите, стабилен нов клиент, бонус или одобрување на нешто што долго сте го барале.

Здравје

Месецов ви носи силен бран на физичка и ментална енергија. Полната месечина на 5 декември во вашиот знак ве полни со сила, ја буди виталноста и ви дава потреба да се движите, да создавате, да излезете од секоја летаргија. Ова е момент кога телото реагира брзо и моќно на секоја промена.

Сонцето во вашата 7-ма куќа до 21 декември го намалува стресот и ви носи потреба за баланс, партнерски активности и ментална поддршка. Ќе почувствувате дека е полесно да се смирите, да дишете подлабоко и да се организирате.

На 10 декември, кога Нептун повторно преминува во директно движење во вашата 10-та куќа, се намалува менталната магла што ве следеше подолго време. Умот ви станува појасен, мислите поредени, а телото реагира со олеснување.

Меркур во Стрелец од 11 декември ја подобрува концентрацијата. Овој период е идеален за планирање здравствени навики, контроли или нови рутини.

Марс во 8-мата куќа од 15 декември носи потреба од физичко „горење“ на вишокот енергија. Ќе ви годи интензивна активност како брзо одење, кардио, јога што го забрзува пулсот или спорт што ги активира мускулите.

Сонцето во Јарец од 21 декември ви ја зајакнува издржливоста, а Венера на 24 декември внесува смиреност, подобар сон и чувство на удобност во сопственото тело.

РАК

Љубов

Срцето ви трепери, интуицијата ви шепоти, а љубовта доаѓа со сензуалност и магнетска привлечност, како одговор на вашите длабоки, неизговорени желби.

Полната месечина во Близнаци на 5 декември ја осветлува вашата 12-та куќа, вадејќи ги на површина скриените чувства. Некој може да признае симпатии што подолго време ги криел или вие конечно ќе разберете што вистински сакате. Можна е прва искра со личност за која дури не сте размислувале во романтична насока. Во врска сте? Ова е момент кога ќе паднат бариери и ќе се отвори пат за разговори што отклучуваат ново ниво на интимност.

До 21 декември Сонцето патува низ вашата 6-та куќа, носејќи ви љубов која се гради во секојдневието со мали гестови, грижа, рутини и внимание. Некој што ве гледа секој ден (колега, соработник, пријател) одеднаш може да ве погледне низ призмата на романтиката. Раковите кои не се во врска може да искусат прв флерт кој започнува сосема невино, но прераснува во нешто многу, многу убаво.

Нептун, кој повторно се движи директно во Риби од 10 декември, ја активира вашата 9-та куќа и ја раздвижува романтичната фантазија. Може да ве привлече личност од странство, некој со различни интереси или човек кој ќе ви отвори нови хоризонти. Раковите кои се во врска ќе доживеат длабока емоционална блискост со партнерот, како разговор кој започнува спонтано, а завршува со признанија кои суштински го менуваат вашиот однос.

Меркур влегува во Стрелец на 11 декември, внесувајќи топлина и искреност во вашата 6-та куќа. Зборовите добиваат моќ. Некој може да ви каже „сакам да те видам“, „ми недостасуваш“ или дури „те сакам“ првпат. Ако сте во врска, ова е момент кога заедничките одлуки ви ја зацврстуваат љубовната иднина.

Преминувањето на Марс во Јарец на 15 декември ја разгорува вашата 7-ма куќа на партнерствата и го носи најсмелиот љубовен период во месецот. Привлечностите стануваат силни, средбите интензивни, а сексуалната хемија е магнетска. Раковите кои се слободни може да доживеат незаборавен прв бакнеж со личност која ќе им го растресе тлото под нозете. Во врска сте? Ова е период на жешки игри зад затворени врати, нов ритам, нова желба и нова динамика.

Младата месечина на 20 декември во вашата 6-та куќа носи нов љубовен почеток преку секојдневието. Можеби комуникација со нов колега, ново познанство преку работа или ново пријателство ќе резултира со љубов.

Кога Сонцето ќе влезе во Јарец на 21 декември, вашата 7-ма куќа станува центар на вниманието. Партнерствата се продлабочуваат, врските стануваат поцврсти, а љубовта добива стабилност. Може да добиете предлог, покана или потврда што ве остава без зборови.

На 24 декември Венера влегува во истата куќа, носејќи хармонија, романтика и огромна топлина. Некои ракови во празничниот период ќе добијат свршенички прстен или предлог за заедничко живеење, или пак, со партнерот ќе сфатат дека се подготвени за потомство. А за раковите кои не се во врска, празничен флерт може да стане љубовна приказна која ќе ја паметат вечно.

Пари и кариера

Декември ви носи силна стабилност во кариерата, но и конкретни можности за финансиски раст. Сонцето до 21 декември ја осветлува вашата 6-та куќа, а тоа значи дека сè што правите, ќе се забележува. Вашата дисциплина, посветеноста и вашите таленти конечно ќе бидат ценети и наградени.

Полната месечина во Близнаци на 5 декември ја активира вашата 12-та куќа и носи завршување на долг проект, договор или процес што ве исцрпуваше. Може да добиете пофалба од претпоставен, позитивна вест или информација што ви дава чувство на огромно олеснување. Некои Ракови ќе затворат едно поглавје и ќе бидат поканети во ново.

Нептун, кој од 10 декември повторно се движи директно во вашата 9-та куќа, носи расчистување на нејаснотии поврзани со планови за учење, патување и професионално усовршување. Ќе имате јасна визија каде сакате да бидете и како можете да стигнете таму. Некои ракови ќе добијат шанса за професионално надградување или проект со странски партнер.

Меркур во Стрелец од 11 декември ви ја подобрува организацијата и комуникацијата. Ќе добиете можност да ги покажете лидерските способности.

Престојот на Марс во Јарец од 15 декември ја активира вашата 7-ма куќа, носејќи ви моќни соработки, силни клиенти, нови партнерства и деловни изненадувања. Може да дојде до потпис на договор, нова улога или проект кој го подигнува вашиот авторитет. Вашата моќ е очигледна.

Младата месечина во Стрелец на 20 декември во вашата 6-та куќа создава нов професионален почеток. Очекувајте понуда, нов ангажман или покана за работа која ќе биде пресвртна точка.

Влегувањето на Сонцето во Јарец на 21 декември носи стабилност и посериозни професионални врски. Вие станувате главен играч во тимот. Венера на 24 декември внесува хармонија во работната средина и може да донесе финансиски бонус, подарок или награда како признание.

Здравје

Месецов ви носи постепено ослободување од стресот. Полната месечина во вашата 12-та куќа на 5 декември носи емоционално прочистување, па ослободете се од стравови, исцрпеност и измачувачки тишини кои ве оптоваруваа во изминативе месеци. Ќе почувствувате олеснување во градите, подобар сон и смиреност.

Сонцето, кое ја активира вашата 6-та куќа до 21 декември, ве води кон подобри навики. Ќе сакате да се храните почисто, да спиете подобро и да се движите повеќе. Токму ова е време кога телото реагира позитивно на секое мало подобрување.

Преминувањето на Нептун во директно движење на 10 декември во 9-тата куќа носи ментална јасност. Вашите мисли се организираат, стресот се намалува и се јавува желба за духовни практики, медитација или прошетки.

Престојот на Меркур во Стрелец од 11 декември ги подобрува фокусот и концентрацијата. Можно е да почнете да ги планирате здравствените контроли или да направите преглед што го одложувавте.

Со енергичниот Марс во Јарец од 15 декември очекувајте нов бран физичка сила. Ќе сакате да се движите, да вежбате, да спортувате. Метаболизмот ви се забрзува.

Венера, планетата на убавината, од 24 декември ви носи релаксација, поубав сон, подобра кожа и чувство на мир.

ЛАВ

Љубов

Декември ви ја потенцира желбата да љубите и да бидете сакани како никој друг. Вашата аура станува магнет кој луѓето не можат да го игнорираат и чувствувате дека сте на стартот на љубовна приказна која ќе ве остави без здив. Во последниот месец од 2025 година вие нема да освојувате… вие потполно ќе покорувате.

Полната месечина во Близнаци на 5 декември ја активира вашата 11-та куќа и носи љубовни искри преку дружби, социјални мрежи, јавни настани или групни активности. Некој кој ве набљудува подолго време конечно ќе собере храброст да ви пријде. Многу Лавови ќе доживеат прва средба која е толку моќна, што веднаш го активира лавовскиот инстинкт за „ова сакам да биде мое“. Во врска сте? Очекувајте момент на искреност, планови за иднината и ноќ што завршува со силен, повторно разгорен пламен.

До 21 декември Сонцето танцува низ вашата 5-та куќа, создавајќи еден од најромантичните периоди во целата 2025 година. Бидејќи 5-тата куќа е секторот на љубовта, страста, флертот, забавата, новите почетоци и креативната енергија, вашиот шарм е на максимум. Атрактивноста ви е хипнотизирачка. Лавовите кои не се во врска може да доживеат прв бакнеж со личност што ги гледа како нешто специјално. Во врска сте? Ова е време кога се враќаат страста и интимната игра, па ви претстојат жешки моменти зад затворени врати.

Нептун од 10 декември повторно се движи директно во вашата 8-ма куќа, создавајќи мистична и сензуална енергија. Хемијата со партнерот станува интензивна, речиси натприродна. Лавовите кои не се во врска може да се „исплашат“ од тоа колку брзо ќе ги освои некој.

Комуникативниот Меркур на 11 декември влегува во вашата 5-та куќа и ги активира зборовите што освојуваат. Флерт во пораки, средби што почнуваат со смеење и завршуваат со трепет во градите, признанија што топат…. Некој може да ви испрати порака како „сакам да сум блиску до тебе“, „нон-стоп мислам на тебе“, или „не можам да се преправам дека не ме привлекуваш“.

Моќниот Марс влегува во Јарец на 15 декември и ја активира вашата 6-та куќа, внесувајќи страст во секојдневието. Љубовта може да се појави на место каде што не ја очекувате, на работа или за време на обврска, тренинг, случајна рутина… Во врска сте? Овој транзит носи огнена енергија, па партнерот ве посакува повеќе, а вие конечно чувствувате длабока блискост.

Младата месечина на 20 декември носи нов љубовен почеток со огромен потенцијал. Нови врски се раѓаат, па за лавовите се резервирани инстант хемија, прв бакнеж, ново чувство дека одредена љубовна приказна има иднина. Лавовите кои се во врска може да се изненадат на следен чекор како свршувачка или живот под ист покрив со саканиот.

На 21 декември Сонцето влегува во Јарец, внесувајќи стабилност, но и топла, рационална љубов. Партнерот станува силна поддршка, а љубовта прераснува во тимска игра. Лавовите кои не се во врска може да почувствуваат дека некој ги гледа со сериозна намера.

Венера влегува во Јарец на 24 декември, создавајќи хармонија, грижа и свесност во љубовта. Ќе чувствувате дека не само што сте сакани, туку и неизмерно почитувани. Празничните денови носат сензуална блискост, интимни гестови, топли прегратки и љубов што гори како вечен оган.

Пари и кариера

Декември ви дава моќ на професионален план. Со Сонцето во 5-тата куќа до 21 декември, вашата креативност ги надминува нормалните граници. Способноста да водите, да инспирирате и решително да одлучувате станува видлива за сите. Првите три недели од месецов се идеални за јавни настапи, презентации, идеи и проекти што ги покажуваат вашите вештини.

Полната месечина на 5 декември во 11-тата куќа носи завршување на групен проект или успех во екипна работа. Може да добиете признание, медиумско внимание или пофалба што ви ја подигнува репутацијата. Неочекуван бонус или награда е исто така можно сценарио.

Преминувањето на Нептун во директно движење во 8-мата куќа на 10 декември носи финансиска разврска. Ако чекате одобрување, исплата, документација или институционална поддршка, ќе добиете позитивен сигнал. Можно е и партнерство што носи долгорочни приходи.

На 11 декември Меркур влегува во вашата 5-та куќа и носи добри вести. Комуникацијата ќе ви носи пари, а вие нема да имате проблеми со изразувањето и градењето на бизнис односи.

Марс од 15 декември ги забрзува работите. Ќе работите повеќе, но и ќе добивате повеќе. Некои Лавови може да добијат нова задача, нов клиент или зголемен обем на работа со подобар надомест.

Младата месечина на 20 декември отвора ново креативно поглавје. Може да започнете проект што ќе ве дефинира во 2026 година.

Сонцето (од 21 декември) и Венера (од 24 декември) ќе го осветлуваат вашиот 6-ти сектор, што значи професионална хармонија, подобра работна атмосфера, зголемена продуктивност и можност за нова соработка што ќе ви го подобри статусот.

Здравје

Полната месечина на 5 декември во вашата 11-та куќа ве ослободува од ментален наплив и стрес од претходните месеци. Ќе почувствувате олеснување, подобар сон и полесно дишење.

Престојот на Сонцето во 5-та та куќа до 21 декември ви носи виталност, енергија, мотивација и свежина. Ова е период кога телото реагира позитивно на движење.

На 15 декември Марс преминува во 6-тата куќа на здравјето и фитнесот, па ќе имате огромни дози енергија и желба да сте активни во најголем дел од денот. Сепак, внимавајте на стресот, бидејќи Марс носи и зголемена тензија.

Сонцето и Венера во празничниот период носат стабилност и смиреност. Телото ќе ви биде во баланс, а умот ќе ви се релаксира

ДЕВИЦА

Љубов

Декември ви ја засилува потребата за сигурност, чиста љубов и вистинска поврзаност, но истовремено ве полни со возбуда и неочекувани искри кои ќе ве дочекаат неподготвени. Во последниот месец од 2025 година, ќе бидете поотворени за љубовната магија и веројатно ќе почувствувате на своја кожа привлечност што не можете рационално да ја објасните, магнетни средби и емоционални допири и бакнежи кои долго време ќе ви се вртат во мислите.

Полната месечина на 5 декември ја осветлува вашата 10-та куќа и носи пресврт меѓу љубовта и статусот. Некој кој го гледате со почит може да покаже интерес кон вас, или пак, партнерот да се гордее јавно со вас, што ќе ви ја топи душата повеќе одошто сакате да признаете. Ако не сте во врска, можно е прв флерт со личност која има авторитет или висока позиција во општеството.

До 21 декември Сонцето патува низ вашата 4-та куќа, внесувајќи нежност и домашна топлина. Љубовта ќе се раѓа и негува тивко преку вечери на свеќи во домашна атмосфера, бавни разговори, први прегратки на приватни места, споделување на нешто лично… Девиците кои не се во врска може да започнат романса со некој кој ќе го чувствуваат како „сродна душа“.

Нептун на 10 декември преминува во директно движење во вашата 7-ма куќа и ја расчистува магловитоста во партнерствата. Она што било нејасно, сега станува кристално јасно. Ако сте во врска, очекувајте разговори со искреност до срж. Девиците кои не се во врска ќе увидат дека одредена личност долго време им испраќала суптилни сигнали.

На 15 декември Марс ја разгорува вашата 5-та куќа, па ви претстои супер страсна втора половина од месецов. Вашиот вообичаено воздржан дух придобива магнетски својства, а хемијата станува опасно силна. Во врска сте? Страста ќе експлодира, па очекувајте жешки игри, нови фантазии и блискост што ве зачудува. Девиците кои не се во врска може да доживеат прв бакнеж со личност која ги буди во нив најпозитивните особини.

Младата месечина во Стрелец на 20 декември носи нов почеток во интимноста. Може да започнете врска без многу еуфорија, но со несекојдневно поврзување. Во врска сте? Ќе иницирате разговор за иднината и заедничките цели.

Сонцето влегува во Јарец на 21 декември и ја позлатува вашата 5-та куќа со романтика. Љубовта станува игрива и полна со слатки изненадувања. Ќе ве гледаат, ќе ве посакуваат, ќе ве ценат. Ќе добиете огромно внимание, иако тоа не го барате.

Венера на 24 декември го следи истиот пат, внесувајќи во вашиот живот сензуалност, допири што растреперуваат и интимни ноќи. Некои Девици ќе го чујат првото „те сакам“. Во празничниот период ќе се споите со вистинската личност. Можеби тоа е онаа која сега стои до вас, можеби тоа е сосема нова.

Пари и кариера

Декември ви носи стабилност и успех што го чекате веќе подолго време. Ќе блескате не низ драматичност, туку низ посветеност, интелигенција и прецизност, а токму тоа се наградува.

Полната месечина на 5 декември ја осветлува вашата 10-та куќа, носејќи кулминација на важен проект, признание или професионална промена што ве подигнува на повисоко ниво. Можете да добиете пофалба, јавно признание или нов статус. Некои Девици ќе добијат понуда која директно ја менува нивната позиција.

Сонцето во вашата 4-та куќа до 21 декември носи период кога работите зад кулисите функционираат совршено. Може да поставувате основи, да градите планови или да работите од дома со исклучителна продуктивност. Ова е време кога се подготвуваат големи чекори кои ќе се реализираат во 2026 година.

Таинствениот Нептун ќе премине во директно движење на 10 декември. Може да откриете кој деловен партнер е вреден за вашата доверба, а кој не. Ќе добиете поддршка од личност од која не очекувате или понуда од соработник кој сте сметале дека не ве цени доволно.

Меркур влегува во Стрелец на 11 декември, активирајќи проекти поврзани со недвижнини, домување, креативни решенија и долгогодишни планови. Некои Девици може да преговараат за подобри услови или да добијат „зелено светло“ кое го чекале долго време.

Престојот на Марс во Јарец од 15 декември ја активира вашата 5-та куќа на креативноста, рекламата, медиумите и самостојните проекти. Ова е еден од најсилните периоди во годината за напредување. Ќе имате храброст да излезете пред публика, да започнете нешто свое или да побарате позиција што ви припаѓа.

Младата месечина на 20 декември во вашата 4-та куќа носи нови почетоци поврзани со работниот простор или деловните темели. Може да започнете работа од ново место, да добиете нова канцеларија или да поставите систем кој ве прави поефикасни.

Кога Сонцето влегува во Јарец на 21 декември, вашата 5-та куќа станува центар на успех. Вашиот талент станува видлив, вашиот труд се наградува, вашите идеи се ценети. Доаѓаат нови клиенти, понуди, покани… Не штедете се иако е претпразничен период.

Венера на 24 декември носи финансиски успех како бонус, подарок, дополнителни приходи или подобри услови. Вашата работа добива поддршка како што заслужувате.

Здравје

Ќе го започнете декември малку бавно, но ќе го заврш ите триумфално.

Полната месечина на 5 декември ви носи ослободување од напнатост. Телото реагира со олеснување, а психата со бистрина. Ќе почувствувате дека конечно се ослободувате од товар кој го носевте долго време.

Сонцето во 4-тата куќа до 21 декември ве поттикнува да се фокусирате на мир, рутина и емоционална стабилност. Ќе се стремите кон повеќе умствени и физички паузи, а телото ќе ви биде благодарно за тоа.

Преминувањето на Нептун во директно движење на 10 декември носи намалување на менталната „магла“ и остра интуиција. Ќе забележите подобар сон и подобра концентрација.

Младата месечина на 20 декември ве охрабрува на здравствен рестарт, можеби нов режим на исхрана, нова фитнес рутина или откажување од порок.

Сонцето од 21 декември ви носи виталност, а неговото здружување со Венера на 24 декември ви дава телесна релаксација, квалитетен сон и чувство на благосостојба.

ВАГА

Љубов

Декември ви отвора љубовна сцена полна со жешки искри и нови шанси за незаборавни романси. Очекувајте разговори што ве возбудуваат, погледи што ве разоружуваат и ситуации што брзо водат кон прв бакнеж или поинтимна средба.

Полната месечина на 5 декември ја осветлува вашата 9-та куќа и носи љубовни пресврти преку патувања, учење или контакт со личност што живее подалеку. Овој ден може да ве изненади со прв бакнеж на некое ново место, или пак, да ви донесе порака која ви го забрзува пулсот или признание што не сте го очекувале. Вагите кои се во врска може да донесат важна одлука за патување, нов чекор или план што ги зближува.

Сонцето до 21 декември ја осветлува вашата 3-та куќа, внесувајќи живост, флерт и зближувања преку секојдневни разговори. Некој што почнува како „симпатија со кој си чатам“ може брзо да прерасне во сериозна љубовна приказна. Вагите кои се во врска ќе откријат дека комуникацијата со саканиот станува поотворена, подлабока и пострасна.

Нептун на 10 декември преминува во директно движење во вашата 6-та куќа и носи стабилност во љубовта потенцирана преку секојдневни мили гестови. Ако постоело недоразбирање, конечно се расчистува. Може да добиете силна поддршка или љубовна порака што ќе ви укаже дека сте со вистинската личност.

Комуникативниот Меркур од 11 декември ќе се движи низ вашата 3-та куќа, па очекувајте средби и бакнежи кои ве оставаат без здив. Во врска сте? Разговорите со партнерот стануваат отворени и смели, а довербата ќе се гради сè подлабоко.

Марс од 15 декември ја активира вашата 4-та куќа, внесувајќи страст и интимност на домашен терен. Втората половина на месецот е период на искри во спалната соба, долги „жешки“ ноќи и длабоки интимни моменти што се случуваат и остануваат зад затворени врати. Вагите кои не се во врска може да почувствуваат силна привлечност кон некој кој им нуди стабилност и предвидливост.

Младата месечина во Стрелец на 20 декември креира љубовен почеток преку зборови, т.е. порака, повик, признание, покана. Ова е ден на нови приказни што само стануваат посилни и посилни.

Откако Сонцето на 21 декември ќе влезе во вашата 4-та куќа, срцето ќе бара стабилност, топлина и безбедност. Ако сте во врска која долго време стоела на „стаклени нозе“, сега веројатно ќе дозволите да се распадне со цел да направите простор за ново поглавје.

Венера на 24 декември влегува во истата 4-та куќа и носи нежност и празнични бакнежи. Ќе ги обожавате моментите во кои ќе се губите во прегратката на саканиот во интимна домашна атмосфера. Ако сте сингл, ќе ве привлекуваат само личности кои веднаш ви укажуваат дека имаат сериозни намери.

Пари и кариера

Декември е месец кога Вагите конечно чувствуваат стабилност во финансискиот и професионален свет. Сонцето во вашата 3-та куќа до 21 декември ви носи идеи, комуникации, договарања и можност да преговарате во своја корист. Вашиот шарм и дипломатскиот стил ви се најсилниот капитал.

Полната месечина на 5 декември го активира вашиот 9-ти сектор и носи можности преку странски компании, патувања, студии или соработки поврзани со онлајн работа. Можно е да добиете понуда што ве носи повисоко или информација што ви отвора нова професионална врата.

Нептун на 10 декември преминува во директно движење и расчистува забуни на работа. Ако имало „гласини“, недефинирани задачи или магливи ситуации, одеднаш сè станува јасно. Може да добиете нова улога, дополнителна поддршка или прераспределба на обврски што ви одговара многу повеќе.

Меркур во Стрелец од 11 декември носи успех во разговори, презентации, продажба, писменост, маркетинг, комуникации и медиуми. Вагите кои работат со зборови, ќе блескаат. Вагите кои преговараат, ќе победуваат.

Марс од 15 декември ја раздвижува вашата 4-та куќа. Може да започнете проект од домот, работа поврзана со недвижности, ентериер, семејни фирми или стабилни долгорочни планови. Вашата дисциплина станува сè поизразена.

Младата месечина на 20 декември отвора нов циклус во комуникациите и деловните договори. Ова е ден што носи потпис, нов почеток, нов клиент или нова професионална насока.

Сонцето од 21 декември ја зајакнува вашата стабилност, а Венера на 24 декември носи финансиска благодарност или празничен бонус.

Здравје

Полната месечина во 9-тата куќа на 5 декември носи ментално ослободување: стегнатоста попушта, умот се чисти и повторно дишете. Може да добиете желба за движење, прошетки, промена на рутина…

Сонцето во вашата 3-та куќа до 21 декември ги подобрува фокусот, концентрацијата и организацијата. Почнувате да размислувате појасно, да планирате подобро и да се грижите за себе со повеќе дисциплина.

Нептун на 10 декември преминува во директно движење во 6-тата куќа и носи намалување на психичкиот замор. Телото реагира со подобар сон, порамномерно дишење, помалку тензија.

Меркур на 11 декември внесува ментална свежина, па имате сила да ги смените навиките и да се посветите на здравјето со разум и мотивација.

На крајот на месецот, Сонцето и Венера ќе танцуваат заедно во вашата 4-та куќа и ви носа т мир, топлина и стабилност.

СКОРПИЈА

Љубов

Љубовниот живот значително ви се раздвижува и ве носи директно во ситуации кои ви го забрзуваат пулсот. Очекувајте разговори што водат кон интимни допири, средби што не се случајни и емоционални реакции кои ретко се доживуваат.

Полната месечина на 5 декември ја осветлува вашата 8-ма куќа и носи тајни признанија, длабоки разговори и откривање на вистински чувства. Некој може конечно да признае дека ве гледа поинаку, или вие ќе донесете одлука да откриете некому колку ве привлекува. Ова е ден кога хемијата е толку силна што дури и случаен поглед може да стане прв чекор кон нова, интензивна приказна.

До 21 декември Сонцето се движи низ вашата 2-ра куќа и создава љубовна енергија поврзана со стабилност, сигурност и вредности. Ве привлекуваат лица кои знаат што сакаат и стојат цврсто на земја. Во врска сте? Сонцето носи разговори за иднината, посветеноста, заедничките планови и хармонијата. Скорпиите кои не се во врска може да запознаат интересна личност преку работа или финансиска ситуација и таа веднаш ќе им го освои вниманието.

Нептун на 10 декември преминува во директно движење. Ако во врската имало забуни, трети лица или идеализирани чувства, сега сè станува појасно. Ова е период кога разбирате кого вистински сакате и што ви треба за да бидете исполнети.

Меркур на 11 декември влегува во вашата 2-ра куќа, носејќи во врските разговори што се спокојни, искрени и со голема доза грижливост. Сингл сте? Можно е да добиете порака која ви го стоплува срцето, повик за состанок или признание што ја менува динамиката во односите со некој што ви се допаѓа.

Марс на 15 декември ја активира вашата 3-та куќа и означува момент кога љубовната игра се разгорува. Флертовите стануваат почести, пораките се посмели, а разговорите поеротски. Секој допир, секој поглед има тежина. Скорпиите кои се во врска ќе доживуваат повторно разгорување на страста, а слободните Скорпии може да влезат во кратка, но огнена авантура што ќе ја паметат долго.

Младата месечина на 20 декември во вашата 2-ра куќа носи нов љубовен почеток поврзан со стабилност и сигурност. На овој ден може да се случи прв состанок, прв бакнеж или прв чекор кон врска што има потенцијал да стане сериозна.

Сонцето на 21 декември ја активира вашата 3-та куќа и носи период полн со дружење, средби, кратки патувања и интензивни љубовни разговори што градат блискост.

Кога Венера ќе влезе во Јарец на 24 декември, атмосферата станува исклучително интимна. Крајот на годината е совршен за романтични средби, празнични признанија и моменти што го топат срцето. Многу Скорпии ќе почувствуваат дека љубовта им е многу поблиску отколку што мислеле.

Пари и кариера

Декември ви носи стабилност, напредок и можности што изгледаат како да ви ги испраќа судбината. До 21 декември Сонцето ја осветлува вашата 2-ра куќа на парите и вредностите, што значи дека приходите, заработката и финансиската сигурност стануваат клучни теми. Ова е период кога работата ви носи конкретни резултати како зголемување на приходите, нов договор, стабилен клиент или нешто што го крепи вашиот буџет.

Полната месечина на 5 декември ви носи завршеток поврзан со заеднички средства, кредит, побарување или наследство. Може да ве израдува исплата, бонус или финансиски резултат што сте го чекале.

Нептун на 10 декември преминува во директно движење и носи јасност во креативни проекти, уметничка работа, маркетинг или нешто што вклучува креативност. Ова е ден кога идеја која ја имате долго време конечно може да биде реализирана.

Меркур од 11 декември престојува во вашата 2-ра куќа и носи успешни преговори. Ако сакате да побарате подобри услови, повисока плата или нов договор, ова е идеален период. Можно е да добиете понуда што ви го зајакнува статусот.

Престојот на Марс во 3-тата куќа од 15 декември ги зголемува вашата продуктивност, брзината и ефективноста. Работите паметно, брзо и храбро. Ова е период кога мрежата на контакти игра голема улога. Може да добиете нови соработки, клиентски договори или проекти што ви ги зголемуваат приходите.

Младата месечина на 20 декември носи нов финансиски почеток, како нова работа, зголемување на платата, нов клиент или нов извор на приходи.

Сонцето (од 21 декември) и Венера (од 24 декември) ја осветлуваат вашата 3-та куќа, носејќи професионална хармонија, добри односи со колегите, успешни договори и позитивни вести. Крајот на 2025 година е прекрасен период за пишување, комуникација, продажба, презентации и јавни настапи.

Здравје

Полната месечина на 5 декември во вашата 8-ма куќа носи емоционално ослободување што директно влијае на вашето тело. Чувствувате дека стресот се смирува, а психата се стабилизира.

До 21 декември Сонцето во вашата 2-ра куќа ви носи практични одлуки за здравјето: подобра исхрана, рутина, физичка стабилност. Грижата за телото ви станува приоритет.

Преминот на Нептун во директно движење на 10 декември е заслужен за подобрување на расположението и менталниот баланс. Творечките активности ви го одмораат умот.

Младата месечина на 20 декември помага за во споставување на нова навика поврзана со здравјето.

Заедничкото патување на Сонцето и Венера на крајот на годината резултираат со спокој, подобар сон и чувство на физичка леснотија.ни промени во расположението, па потребна ви е флексибилност.

СТРЕЛЕЦ

Љубов

Во декември љубовта ќе си поигра со вас на најубав можен начин. Очекувајте многу флерт, многу возбуда и неколку клучни моменти што ќе ве „разбудат“ во емотивна смисла. Сè станува поинтересно и опасно привлечно.

Полната месечина на 5 декември ја активира вашата 7-ма куќа на партнерствата и носи голем љубовен пресврт. Некој може да признае дека ве гледа поинаку или да направи смел чекор, или пак, ситуација што долго ја влечевте конечно ќе добие разрешување. Ако не сте во врска, можно е ве изненади прва средба на која веднаш се создава хемија која никој нема да може да ја игнорира.

До 21 декември Сонцето е во вашиот знак, носејќи ви заводливост, доминација и огнена харизма што ве прави тотално неодоливи. Ова е идеален период за флерт, нови врски, први состаноци и жешки ноќи. Стрелците кои се во врска ќе почувствуваат нова искра, нова игра со партнерот, повеќе допири, повеќе смеа и повеќе желба. Стрелците кои не се во врска буквално магнетски ќе привлекуваат внимание.

Нептун на 10 декември преминува во директно движење во вашата 4-та куќа и внесува силна емоционална нежност во односите. Ова е период кога откривате подлабоки чувства, кога партнерот ви се отвора или кога некој ви се доближува со посветеност која одамна не сте ја почувствувале.

На 11 декември Меркур влегува во вашиот знак и го активира вашиот глас како љубовно оружје. Флертот преку зборови е неверојатно силен. Може да кажете нешто што веднаш ќе отвори врата кај личноста што ви се допаѓа. Во врска сте? Комуникацијата станува полесна и посексапилна, па внесете хармонија и сензуалност во односите со саканиот.

Марс на 15 декември преминува во вашата 2-ра куќа и носи љубовни моменти преку стабилност, гестови, подароци и физичка привлечност. Партнерот ќе покаже дека сте му важни, а вие ќе реагирате со топлина и страст.

Младата месечина во вашиот знак на 20 декември го носи најсилниот љубовен почеток во целата 2025 година. Ова е ден за нова врска, нов зачеток на хемија, прв романтичен „сигнал“, прв бакнеж, прв план за иднина. Стрелците кои се во врска може да почувствуваат огромен скок напред, како да започнува нова фаза на нивната љубов.

На 21 декември Сонцето влегува во Јарец, внесувајќи стабилност во вашата љубовна сфера. Стрелците кои не се во врска може да привлечат личност која добро знае што сака во животот и не ги крие сериозните намери кон нив. Во врска сте? Важно ќе ви биде партнерот често да ви кажува дека ве сака и да ви покажува дека ви е вистинска потпора.

Венера на 24 декември му се придружува на Сонцето со истата енергија, носејќи празнична топлина, чувствителност, возбудливи допир и моменти што ги топат и најсилните бариери. Љубовта станува длабока, но и мошне сензуална.

Пари и кариера

До 21 декември, Сонцето во вашиот знак ви го носи најсилниот период за личен напредок. Вашата самодоверба ви помага да добиете подобри понуди, да настапите сигурно, да побарате повеќе, а и да го добиете. Вашиот авторитет се гледа, а идеите ви се забележуваат брзо.

Полната месечина на 5 декември може да донесе завршување на важен деловен договор, нова соработка или преговори кои конечно се решаваат во ваша корист. Можно е партнерство што ви носи нов клиенти или нов приход.

Преминувањето на Нептун во директно движење на 10 декември расчистува финансиски дилеми поврзани со дом, имот или документи. Проблем што ве вртел во круг конечно добива решение.

Меркур од 11 декември ви ги отвора вратите кон преговори, презентации и идеи со кои можете да добиете повеќе пари. Вашиот збор има сила, а убедливоста ви е најсилната алатка.

Престојот на Марс во 2-рата куќа од 15 декември ве прави поамбициозни, поактивни и пофокусирани на заработка. Овој транзит носи бонуси, дополнителни приходи, покачување на платата или нова работна можност. Втората половина на месецот е супер за значајни финансиски потези.

Младата месечина на 20 декември во вашиот знак создава идеални услови за нов проект, нов чекор, нова улога или нова идеја што ќе ви донесе резултати во првиот квартал на 2026.

Здружувањето на Сонцето и Венера во вашата 2-ра куќа на крајот на 2025 година носат финансиска стабилност. Можно е да ве израдуваат празничен бонус, голем подарок, добри вести околу пари или потпишување на договор.

Здравје

Декември ви носи супер виталност, благодарение на престојот на Сонцето во вашиот знак до 21 декември. Се чувствувате силни, активни, флексибилни. Може да започнете нова рутина, тренинг или исхрана со одличен ефект.

Полната месечина на 5 декември може да донесе ослободување од ментален притисок преку разговор или одлука што ве смирува.

Преминувањето на Нептун во директно движење на 10 декември ја балансира вашата емоционална состојба. Станувате поспокојни.

Марс од 15 декември ви дава енергија за вежбање, физички ангажмани и активности што го подобруваат метаболизмот.

Сонцето и Венера на крајот на декември носат стабилност и хармонија.

ЈАРЕЦ

Љубов

Декември е месец на вистински потези, искрено отворање и љубов без маски. Ќе почувствувате дека некој ве гледа со интерес што не може да се сокрие. Последниот месец од 2025 година носи шанси за градење на силна врска, продлабочување на односите и нижење на моменти што ви го стоплуваат срцето.

Полната месечина на 5 декември ја осветлува вашата 6-та куќа и ви носи прв љубовен пресврт токму преку секојдневието. Може да се роди љубовна искра таму каде што не сте ја очекувале – на работа, во комуникацијата со колега или случаен контакт. За јарците кои не се во врска, ова е ден кога некој ќе им го забрза пулсот со само едно „здраво“. Во врска сте? Полната месечина носи откривање на нешто важно или обновување на блискоста со партнерот по краток застој.

До 21 декември Сонцето патува низ вашата 12-та куќа, па очекувајте тајни емоции, интимни погледи, фини флертови, длабоки чувства што не сакате веднаш да ги откриете… Некој може да се појави во вашиот живот тивко, но со огромна сила. Јарците во врска ќе откријат дека партнерот сака подобро да ги запознае нивните желби, фантазии и стравови.

На 10 декември Нептун преминува во директно движење во вашата 3-та куќа, носејќи јасност во комуникацијата. Ако постоел заплет, недоразбирање или тајна симпатија, сега сè се изговара со поголема храброст. Можно е да добиете порака што ја чекавте или повик што ќе ви го растрепери срцето.

Комуникативниот Меркур на 11 декември влегува во вашата 12-та куќа на тивка романтика. Втората половина од месецов е време на интимни шепоти, возбудливи пораки, разговори што почнуваат наивно, а брзо преминуваат во жешки флерт игри. За јарците кои не се во врска, неочекувана комуникација може да отвори врата за нова љубовна енергија. Во врска сте? Овој транзит носи потреба за потполна искреност.

Енергичниот Марс влегува во вашиот знак на 15 декември, па ќе придобиете магнетска привлечност. Самодовербата ќе ви се зголеми, а ќе зрачите со аура која ќе биде неодоливо атрактивна и ќе буди незгаслива љубопитност. Не сте во врска? Некој ќе сака да ви се доближи, да ве запознае подобро и да ужива во вашето присуство и нема да се двоуми дали да ви го покаже тоа. Во врска сте? Марс носи страст што повторно се разгорува, па ќе ја почувствувате силата на искрата од почетоците на врската.

Младата месечина на 20 декември носи нов љубовен почеток. Може да се појави нова личност или да се роди ново чувство кон некој кого веќе го познавате. Ова е ден кога ќе си признаете „сакам повеќе“.

А откако Сонцето ќе влезе во вашиот знак на 21 декември љубовта ќе стане моќна. Вие ќе блескате и ќе се чувствувате важни, привлечни и сакани. Јарците кои во врска може да донесат важна заедничка одлука. Сингл сте? Големи се шансите да добиете признание или покана што ќе го разбуди оганот во вас.

На 24 декември Венера го следи истиот пат во вашиот знак. Празничниот период ќе биде обвиен во чиста сензуалност. Погледи кои не сакате да завршат, допири кои будат пеперутки во стомакот, љубовни моменти што се паметат… Подгответе ги усните за бакнежи и телото за интимни допири.

Пари и кариера

Декември е месец кога кариерата ви се буди со нова сила. До 21 декември Сонцето во вашата 12-та куќа ве тера да работите тивко, зад сцена, да планирате стратегии, да подготвувате проекти што ќе експлодираат во јануари.

Полната месечина на 5 декември во вашата 6-та куќа носи завршување на голем проект. Можно е да добиете пофалба, признание или подобри услови, благодарение на вашата дисциплина и посветеност. Некои Јарци ќе добијат важна информација поврзана со унапредување или нова функција.

На 10 декември таинствениот Нептун преминува во директно движење во вашата 3-та куќа и ја расчистува менталната магла. Ќе знаете што сакате и како да го добиете. Ова е силен транзит за медиумски активности, комуникации, преговори и пишување. Бистро ќе размислувате и перфектно ќе се изразувате.

Меркур од 11 декември ќе донесе тајни преговори, договори или средби зад кулисите. Ќе кроите планови за нешто што никој уште не го знае, но ќе биде огромно кога ќе се објави. Може да станува збор за нов клиент, нов проект, професионален сојуз или голема можност.

Марс влегува во вашиот знак на 15 декември и ви ја дава силна енергија. Станувате амбициозни, остри, брзи и конкурентни. Влегувате во улога на лидер, а вашиот авторитет станува видлив за сите. Ќе можете да ги завршите работите што другите не успеале да ги постигнат.

Младата месечина на 20 декември во вашата 12-та куќа носи почеток на нов проект што сè уште не сакате да го соопштите јавно. Планирање, стратегии и визија… имате ас во ракавот.

На 21 декември и Сонцето преминува во вашиот знак и ви носи поголема професионална видливост. Станувате лицето на успехот. На 24 декември и Венера му се придружува на Сонцето, што значи да очекувате финансиска хармонија, подобри договори, подобри клиенти и бонус што можете да го наречете „празничен подарок“.

Здравје

На почетокот на декември, на моменти ќе се чувствувате како да функционирате со последните сили, но како што ќе минуваат деновите, така ќе се враќа вашата полетност и енергијата.

Полната месечина на 5 декември во вашата 6-та куќа ве потсетува на балансирање на телото. Ќе почувствувате потреба од одмор, регулирање на спиењето и нови здрави навики.

Сонцето до 21 декември во 12-тата куќа бара емотивна детоксикација. Време е да се повлечете, да ги наполните батериите и да се ослободите од стрес.

Нептун од 10 декември ви ја подобрува менталната јасност, а Меркур од 11 декември ви носи подобра концентрација.

Престојот на Марс во вашиот знак од 15 декември ви ја враќа физичката сила, па енергијата ви расте, виталноста се подобрува, телото реагира добро на активност.

Здружувањето на Сонцето и Венера во вашиот знак ви гарантира дека ќе ја завршите 2025 година со добро здравје и огромна енергија.

ВОДОЛИЈА

Љубов

Декември ви носи забава, романтика и пресврти кои дури ни вие, како Водолија, не можете да ги предвидите. Ќе има неочекувани покани, флерт во најчудни моменти, смешни ситуации кои завршуваат со голема хемија, но и можност да направите луд потег.

Полната месечина на 5 декември ја осветлува вашата 5-та куќа и ги буди вашите најслатки љубовни желби. Водолиите кои не се во врска може да доживеат средба која ќе им сугерира дека пред нив стои оној Вистинскиот. Флертот ви цвета, допирите се подолги, а погледите поигриви. За Водолиите во врска, ова е вечер на интензивна страст и обновена романтика, со можност партнерот да ве изненади со предлог за брак, заедничко живеење или разговор за деца.

До 21 декември Сонцето се движи низ вашата 11-та куќа и ви носи љубов преку пријателства, групи, настани и заеднички дружби. Некој од кругот на блиски луѓе може одеднаш да се отвори пред вас со признание што ве остава збунети, но пријатно возбудени. За Водолиите кои се во врска, ова е период на заеднички планови, разговори за иднината и моменти што личат на подготовка за нешто поголемо.

Мистериозниот Нептун преминува во директно движење на 10 декември и ја активира вашата 2-ра куќа,  па ви носи чувство на стабилност, односно конечно знаете каде стоите. Ќе добиете знаци од партнерот дека со вас гледа долгорочен сојуз. Водолиите кои не се во врска може да почувствуваат дека личност која интензивно ги контактира е искрено заинтересирана за освојување на нивното срце.

Меркур на 11 декември влегува во вашата 11-та куќа и ги отвора љубовните разговори. Започнува период на закачливи пораки, долги ноќни чатувања, игриви комплименти и разговори што се движат опасно блиску до признание. Некоја ситуација што почнува како шега може да прерасне во сериозна искра.

Жешкиот Марс на 15 декември ја осветлува вашата 12-та куќа. Очекувајте притаени допири, интимни ноќи, скриени желби. Водолиите кои се во врска може да доживеат еротски моменти кои долго ќе им останат врежани во сеќавањата. Слободните Водолии може да бидат привлечени од личност која внесува мистерија и возбуда во нивните животи.

Младата месечина на 20 декември создава ново љубовно поглавје во вашата 11-та куќа. На овој датум љубовта може да „кликне“ силно и одеднаш.

На 21 декември Сонцето ја продлабочува вашата 12-та куќа, носејќи интимност, доверба и подлабоки чувства. Кога станува збор за врските на водолиите, ова е време на заеднички тајни, блискост и разговори што ве прават уште посигурни дека сте со вистинската личност. Некои Водолии може да го слушнат првото „те сакам“.

На 24 декември и Венера влегува во истата куќа и носи длабока сензуалност, суптилни романтични гестови, топли прегратки и празнични магични моменти. Можно е партнерот да ве покани кај неговите родители, да добиете симболичен подарок што има значење, па дури и да се отвори тема за сериозен чекор како заеднички живот или свршувачка.

Пари и кариера

Ќе брилирате во декември на професионален план. Полната месечина во Близнаци на 5 декември ја активира вашата 5-та куќа и ви носи завршување на важен проект со апсолутен успех. Вашите идеи блескаат, ваша презентација се памети, вашата креативност ве издигнува. Можно е признание, пофалба, медиумски интерес или неочекуван бонус.

Сонцето во 11-та куќа до 21 декември ви носи силни професионални контакти. Луѓе што долго ги почитувате сега се подготвени да соработуваат со вас. Ова е месец за тимска работа што завршува со импресивни резултати.

Кога Нептун преминува во директно движење во 2-рата куќа на 10 декември, финансиските ситуации што биле нејасни добиваат разврска. Може да завршите документација, да добиете исплата што ја чекате или да видите стабилност во вашите приходи.

Комуникативниот Меркур на 11 декември носи позитивни разговори и состаноци. Вашиот мозок работи брзо, вашите зборови се уверливи и вашето присуство во преговори е силно.

Престојот на Марс во Јарец од 15 декември ви дава неверојатна деловна интуиција. Ќе донесете одлуки што на почеток изгледаат смели, а подоцна испаѓаат генијални.

Младата месечина во Стрелец на 20 декември носи нови професионални почетоци преку мрежи, контакти и препораки. Ќе добиете шанса што ќе ве издигне нагоре во кариерата.

На крајот на месецот, Сонцето и Венера се здружуваат во вашата 12-та куќа, па влегувате во тивка, но многу продуктивна фаза. Се подготвува нешто големо за 2026 година.

Здравје

Декември ќе ве подучи дека колку и да сте растрчани на сите страни, морате да си издвоите време за релаксација и квалитетен сон.

Полната месечина на 5 декември носи енергетски подем и подобра кондиција. Ќе сакате повеќе движење, танц, тренинг, забава…

Сонцето во 11-та куќа до 21 декември ви носи ментална свежина, подобро расположение и силен мотив за нови здрави навики.

Преминувањето во директно движење на Нептун на 10 декември ви ја стабилизира психичката енергија. Лесно ќе се ослободувате од напнатост.

Марс од 15 декември ве поттикнува на подобра грижа за сон, одмор и емоционална рамнотежа.

Венера на 24 декем ври ви носи смирена енергија, со која задоволно ќе пловите низ празничната сезона.

РИБИ

Љубов

Драги Риби, вие секогаш гледате на љубовта поетски, а сега ќе почувствувате дека реалноста конечно почнува да наликува на вашите најубави фантазии. Возбудливи моменти, романтични пресврти, бакнежи кои не се забораваат… небесните тела се решени значително да ви го разубават крајот на 2025 година.

Полната месечина на 5 декември ја активира вашата 4-та куќа и внесува силни емоции во домот и срцето. Можно е некој од минатото да се појави со искрено признание за силни чувства. Кај Рибите кои не се во врска, овој ден може да донесе средба со некој со кој разговорот ќе ви тече како да се познавате цел живот. Во врска сте? Полната месечина носи зближување и изјава на партнерот која ќе ве стопи.

Од 10 декември вашиот владетел Нептун повторно ќе се движи директно во вашиот знак и се подготвува за љубов од највисок ранг. Ова е магичен транзит, бидејќи ги потенцира шармот и интуицијата. Јасно ќе гледате кој е искрен, кој ве посакува, а кој само си игра. Не ви требаат зборови, доволен е поглед.

На 11 декември Меркур влегува во вашата 10-та куќа и внесува промени во љубовта преку кариера или социјален круг. Може да запознаете некого „по работа“ или некој што ве гледа подолго време конечно да се осмели да ви се приближи. Флерт со личност на повисока позиција или со некој амбициозен може да ве покори целосно.

Енергичниот Марс на 15 декември ја активира вашата 11-та куќа, носејќи жешка привлечност преку пријатели, групи, излегувања и настани. Познаник кој одамна ве гледа со романтични очи ќе добие самодоверба да направи чекор напред. Кај Рибите кои се во врска, Марс носи динамична, еротска енергија изразена преку заеднички планови, авантури, па дури и жар за жешки игри во спалната.

Младата месечина на 20 декември ја осветлува 10-тата куќа и ветува почеток на нов љубовен развој што се поврзува со статус, иднина или официјалност. Многу Риби може да добијат свршенички прстен или предлог за живеење под ист покрив. Младата месечина е совршен момент за нови љубовни приказни.

Сонцето преминува во Јарец на 21 декември, а тоа значи отвореност, дружења и љубов преку заеднички планови. Ќе почувствувате дека некој е подготвен да се вложи целосно за да ве усреќи. Рибите кои не се во врска може да доживеат прв состанок што веднаш води кон втор и трет…

Кога Венера ќе влезе во Јарец на 24 декември, љубовта станува стабилна, силна и искрена. Празничниот период е идеален за прво „те сакам“, за романтични вечери, за прегратки што траат дооолго и за гестови што покажуваат сериозна намера.

Пари и кариера

Декември ви носи подем во кариерата каков што одамна ви беше потребен. Сонцето во вашата 10-та куќа до 21 декември ве прави влијателни и почитувани. Секој ваш потег се набљудува и се цени. Вашите таленти излегуваат на површина и луѓето започнуваат да веруваат во вас повеќе од кога било.

Полната месечина во вашата 4-та куќа на 5 декември може да донесе затворање на долг проект или трансформација на професионална ситуација што ви тежела. Можно е да добиете понуда да работите од дома, да менувате работна структура или да склучите договор кој ви носи стабилност.

Преминувањето на Нептун во директно движење на 10 декември во вашиот знак ви го враќа сјајот, па вашите инстинкти стануваат остри, креативноста се буди, а одлуките ви се јасни. Слободно слушајте го внатрешниот глас.

На 11 декември Меркур ја активира вашата 10-та куќа и носи важни разговори со претпоставени, клиенти или можни соработници. Може да добиете вест за унапредување, покана за проект или конкретна понуда што ве издигнува на следното ниво.

Марс од 15 декември носи огромен наплив на амбициозност и тимска поддршка. Работа со групи, јавност или големи проекти ќе биде вашиот најсилен адут. Ако развивате идеја, ова е време кога конечно се забрзува процесот.

Младата месечина на 20 декември е особено значајна и доаѓа со нов почеток, нова позиција, нов проект, нова функција. Многу Риби ќе добијат признание, нов договор или почеток што ќе ја обликува целата 2026 година.

Здружувањето на Сонцето и Венера во вашата 11-та куќа носат силни деловни врски, поддршка и препораки кои ви отвораат врати. Можен е и неочекуван празничен бонус.

Здравје

Декември е месец кога телото и духот се враќаат во баланс. Полната месечина на 5 декември носи емоционално ослободување и подобар сон.

Сонцето во вашата 10-та куќа до 21 декември ви дава дисциплина, сила и стабилност во здравствените навики. Ќе се чувствувате мотивирано да се движите, да вежбате и да внесете ред во секој аспект.

Преминувањето на Нептун во директно движење во вашиот знак од 10 декември носи ментална јасност. Исчезнува анксиозноста и се јавува духовен мир.

Спојувањето на Сонцето и Венера на крајот на месецот носат релаксација, подобар имунитет и чувство на стабилност.