Гол фустан од латекс ѝ создал очекуван проблем на Блејк Лајвли на црвениот тепих

popara8 март, 20251min00
63034815-blake-lively

Од 7 до 15 март во Остин се одржува познатиот мултимедијален фестивал SXSW. Во рамки на филмската програма на фестивалот традиционално се одржуваат бројни премиери, а меѓу нив годинава е и премиерата на филмот „Another Simpe Favor“.

Станува збор за продолжение на црната комедија од 2018 година „A Simple Favor“ со Ана Кендрик и Блејк Лајвли во главните улоги.

И двете актерки се појавуваат во продолжението, а дојдоа и на премиерата. Блејк за оваа пригода избра парчиња облека со потпис на њујоршкиот бренд Рене Масоумиан, зад кој стои истоимената дизајнерка.

Брендот е специјализиран за облека изработена од латекс, а Блејк реши да комбинира три различни парчиња во нејзиното издание. Над макси здолниште и корсет таа облече таканаречен гол фустан во ретро стил, кој во еден момент реши да го соблече.

Не знаеме дали оваа промена на стајлингот била планирана или случајна, но можеби на актерката само и било жешко со оглед на тоа дека носела облека од материјал во кој лесно се „врие“, а фустанот и направил очекуван проблем – при позирање се забележувала кондензација на пределот на половината.