Готови за 8 минути и не дебелеат: Мали погачи кои може да ги јадете колку сакате

popara6 јуни, 20251min00
676

Овие погачи се идеални за секое време од денот.

Ако моментално сте на диета или планирате да сте, овој рецепт мора да биде на вашето мени.

Кето лепчињата со сирење се здрава опција што можете да ја јадете без да се чувствувате виновни за зголемување на телесната тежина.

Состојки:

190 г бадемово брашно
една лажичка прашок за пециво
Сол по вкус
340 г моцарела сирење
60 г крем сирење
две јајца за тесто и едно јајце за премачкување

Подготовка:

Измешајте го брашното со прашокот за пециво и додадете сол. Во друг сад, измешајте ја ренданата моцарела и крем сирењето, а потоа растопете ги на пареа (само ставете го над тенџере со врела вода, сирењето брзо се топи). Додадете 2 јајца во стопеното сирење и измешајте. Конечно, додадете ја оваа смеса во брашното и месете со раце. Навлажнете ги рацете со масло, а потоа одделете ги и формирајте мали топчиња што малку ќе ги сплескате со рацете во форма на топчиња. Премачкајте со јајце и наредете на плех обложен со хартија за печење.

Печете во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови осум минути. Сервирајте со прилог по ваш избор.