Готов за секунда, а и веќе ги имате состојките: Овој рецепт за брз ЛАВА КОЛАЧ е совршен за ненадејни гости

popara6 февруари, 20251min00
84515_shutterstock-740652769_f
Едноставната подготовка и состојки кои повеќето од нас ги имаат во нашите кујни го прават уште попривлечен. Со исклучително кратко време за подготовка, сигурно ќе стане една од вашите омилени колачи уште од првиот пат кога ќе ја направите!
Состојки:
4 јајца
120 гр шеќер
250 гр маргарин за готвење
250 гр чоколадо за готвење
160 гр брашно
Подготовка:
Изматете 4 јајца со 120 грама шеќер. Во друг сад измешајте 1 стапче маргарин со 250 грама растопено чоколадо и убаво изматете. Сега соединете ги овие две смеси со додавање на чоколадната смеса во смесата со јајца и шеќер. Во новоформираната смеса додадете уште 160 грама брашно. Подмачкајте ги калапите и посипете ги со брашно за полесно да ги извадите колачињата. Наполнете ги калапите до врвот. Печете 7 минути во загреана рерна на 200 степени Целзиусови. Јадете додека е топло.