ГРЧКА САЛАТА ОД КОМПИР: Одлично оди со месо и риба, а тајната на вкусот е во дресингот

popara7 октомври, 20251min00
136679_shutterstock-2676043379_f

Ви треба:

600 г компири
1 глава виолетов кромид
1 домат
1 свежа пиперка
2 чешниња лук
100 г црни маслинки
30 мл маслиново масло
сок од 1 лимон
1,5 лажичка сол
бибер до вкус
магдонос
оригано

Подготовка:

Сварете ги компирите и исечете ги на големи коцки. Потоа додадете го сечканиот виолетов кромид, доматите и пиперките. Додадете ги маслинките, сечканиот лук и добро измешајте. Во сад, измешајте го маслиновото масло, сокот од лимон, солта, биберот, сечканиот магдонос и ориганото, па прелијте ја салатата. Добро измешајте сè.