ГУРМАНСКИ КРЕМЕНАДЛИ СО ЛИМОН И ЛУК: Мирисни и сочни, месото се лепи за прстите

popara6 октомври, 20251min00
136410_shutterstock-503116654_f

Ќе ви треба:

4 кременадли
3 чешниња лук, ситно исечкани
сок и рендана кора од 1 лимон
3 лажици маслиново масло
сол и бибер по вкус
1 лажица свежо исечкан магдонос

Подготовка:

Прво истријте ги свинските кременадли со сол и бибер од двете страни. Во сад измешајте го сокот и кората од лимон, лукот и маслиновото масло, а потоа прелијте ги свинските котлети. Оставете го месото да отстои во оваа маринада најмалку 30 минути, или уште подобро преку ноќ во фрижидер. Загрејте тава на средна температура и пржете ги свинските кременадли од двете страни додека не поруменат и не станат крцкави. На крај, посипете со свеж магдонос пред сервирање. Овој освежителен рецепт совршено оди со салата од рукола или млади компири.