ДАЛИ НА ЖЕНИТЕ ИМ Е ПОТРЕБНО ПОВЕЌЕ СОН ОТКОЛКУ НА МАЖИТЕ: Еден фактор е клучен

popara1 март, 20251min00
Screenshot_25

Истражување што опфатило 210 средовечни мажи и жени посочува дека на жените им треба повеќе сон отколку на мажите, како и дека жените имаат поголеми здравствени проблеми поради недостаток на сон.

 

 

 

 

– Резултатите покажуваат дека кусиот сон кај жените е тесно поврзан со високите нивоа на психичка болка и посилно чувство на непријателство, депресија и лутина. Од друга страна, пак, овие чувства не се поврзани со нарушување на спиењето кај мажите – изјави професор Џим Хорн, дел од британскиот истражувачки тим од Универзитетот на Лоубороу.

 

Една од главните функции на спиењето е да му овозможи на мозокот да се освежи и обнови. Како што објаснуваат стручните лица, при длабок, цврст сон, кортексот – делот од мозокот одговорен за помнењето, меѓу другото, се одвојува од сетилата и на тој начин се обновува.

 

– Колку повеќе го користите мозокот во текот на денот, толку повеќе сон ви треба за освежување на мозокот – истакна професор Хорн.