Дали овие суплементи се сосема бескорисни?

popara5 мај, 20251min00
vitamins-gd569948f4_640

Популарните мултивитамини може да бидат прилично скапи, но на луѓето им е полесно да земат „сè што им треба“ во една таблета. Сепак, нивната ефикасност е многу сомнителна.

Додатоците во исхраната се скоро насекаде овие денови – ветувајќи повеќе енергија, подобра концентрација, губење на тежината и подобрување на здравјето. Сепак, вистината е дека многу од нив не ги исполнуваат овие ветувања. Затоа фармацевтот Џејми Мартинез издвои два суплементи кои ги смета за потполно бескорисни, а во некои случаи дури и потенцијално опасни, пренесува Индекс.

Калциум

Иако калциумот често се промовира како суштински за здравјето на коските, истражувањата не потврдуваат дека додатоците на калциум всушност придонесуваат за јачината на коските. „Нема докази дека суплементацијата на калциум доаѓа до коските, каде што ние всушност го сакаме. Има докази дека калциумот од суплементите може да се депонира во крвните садови и да предизвика камења во бубрезите“, предупредува Мартинез. Тој додава дека многу луѓе земаат калциум без лекарски надзор, што може да биде ризично.

„Во некои случаи, суплементацијата е оправдана – на пример, ако земате бифосфонати – но тоа треба да го утврди лекар“, забележува тој.

Наместо суплементи, калциумот најдобро се конзумира преку храната бидејќи подобро се апсорбира од природни извори и помалку се таложи во крвните садови. Мартинез препорачува храна како тофу, портокали, наут и зелен лиснат зеленчук како побезбедни и поефикасни извори на калциум.

Мултивитамини

Мултивитамините се меѓу најпопуларните додатоци, но се повеќе експерти ја доведуваат во прашање нивната ефикасност.

„Имаме голем број висококвалитетни студии кои не покажаа позитивен ефект на мултивитамините кај повеќето луѓе. Исклучок се луѓето над 65 години или оние со проблеми со апсорпцијата. Генерално, мултивитамините слабо се апсорбираат и често содржат состојки како магнезиум, калциум и цинк кои ја попречуваат апсорпцијата меѓусебно“, истакнува Џејми.

Наместо тоа, тој советува индивидуален пристап.

„Многу е подобро да се добијат овие хранливи материи преку разновидна исхрана или да се користи насочен додаток во согласност со реалните недостатоци и личните потреби“, заклучува тој.