Длабоко деколте, извајани нозе и шлиц до колкот: Познатата пејачка на 47 години ја покажа својата затегната фигура и ги воодушеви сите

popara26 март, 20251min00
Никол Шерцингер

Нејзиниот стил еволуираше со текот на годините, но никогаш не ја изгуби таа карактеристична доза на провокација, гламур и софистицираност.

Никол Шерцингер отсекогаш била синоним за сексапил, самодоверба и женственост. Уште од нејзиното прво појавување на сцената како фронтменка на глобално популарната женска група „The Pussycat Dolls“, таа плени со своето сценско присуство, беспрекорната фигура и смелите модни избори.

Денес, на речиси 47 години, Никол изгледа исто толку привлечно како и во дваесеттите и не се плаши да покаже тело што би направило многу помлади жени да и позавидат.

Секое нејзино појавување во јавноста е моден спектакл, а таа продолжува да ги поместува границите кога станува збор за елеганција во комбинација со дрска привлечност. Токму таков впечаток остави на неодамнешната премиера на Шекспировиот „Отело“ на Бродвеј во Њујорк, каде што се појави во придружба на нејзиниот вереник Том Еванс.

За оваа специјална пригода, Никол избра облека за восхит – долга тоалета во нијанса која изгледаше како софистицирана мешавина од песок и маслинесто зелена боја.

Горниот дел на фустанот беше исечен во форма на елегантнo сако на преклоп, со длабоко деколте под кое не носеше ништо, постигнувајќи совршен баланс помеѓу деловната елеганција и сензуалната дрскост.

Долниот дел од фустанот лесно лелеаво здолниште кое се влечеше до подот, а најпровокативен детал беше високиот шлиц на левата нога, кој завршуваше високо над бутот, откривајќи го нејзиното совршено извајано тело, витките нозе и тенкиот струк.

Со овој храбар фустан, Никол носеше класични беж салонки кои дополнително го издолжија нејзиниот став и силуета. За накит, таа избра впечатливо долга огрлица која нежно се спушта по нејзиното деколте, додека дискретните обетки додадоа доза на суптилен гламур.

Косата и беше фатена во пунџа, што дополнително ги истакна цртите на лицето, додека неутралната шминка ја истакна нејзината природна убавина. Конечно, црвениот кармин беше шлаг на тортата – храбра и класична одлука која уште еднаш покажа дека Никол Шерцингер е вистинска дива која знае да блесне.