
Доматите се еден од најпопуларните зеленчуци и многу често се наоѓаат на нашите трпези, особено во текот на летото.
Малку маслиново масло или прстофат сол се популарни додатоци на свежите домати, но многу готвачи тврдат дека постои подобра состојка.
Додека кај нас доматите најчесто се служат со свежи краставици и кромид, во светот комбинацијата со моцарела, листови од босилек и ароматичен оцет познат како ацето балсамико е попопуларна.
Малку работи можат да го победат совршено зрелиот, сладок и сочен домат исечен во вашата омилена салата. Меѓутоа, ако не сте голем љубител на домати, кулинарските експерти советуваат да пробате оцет наместо сол и масло.
Готвачот Стивен Џорџ вели дека луѓето обично користат сол за да го подобрат вкусот на доматите, но верува дека ова не е најдобрата опција.
Не сите оцети се исти
„Повеќето луѓе користат сол за да го извлечат најдобриот вкус кај доматите, но јас сметам дека солта влече премногу вода и ја одзема природната сладост на свежите домати. Јас наместо тоа користам оцет“, рече тој.
Иако ароматичните оцети сè повеќе се користат како преливи за салати, Џорџ забележува дека тој лично претпочита да користи јаболков оцет.
Главната разлика помеѓу оцетите е видот на овошје што се користи за нивно производство. Балсамико оцетот (aceto balsamico), направен од сок од грозје, е познат по својот богат, сладок и комплексен вкус.
Од друга страна, јаболков оцет, кој се прави со ферментирање на јаболка и друго овошје, има киселкаст, малку сладок и остар вкус. Почесто се користи во преливи, маринади и маринирање.
Според готвачот Конон Робсон од италијанскиот ресторан, не мора да се ограничувате само на јаболков оцет. Тој препорачува да пробате и црвен вински оцет.
Многу други класични јадења добиваат нова димензија. Црвениот вински оцет се прави од природно ферментирано црвено вино. За време на ферментацијата, алкохолот во виното се претвора во оцетна киселина, што му дава на оцетот карактеристична киселост.
„Кога се комбинира со квалитетно екстра девствено маслиново масло, овој оцет ќе ја додаде потребната острина и киселост на свежите домати“, објасни Робсон.
Готвачот Џастин Цанг, исто така, претпочита црвен вински оцет. Тој забележува дека неговата киселост ја пробива сладоста на доматите и дополнително го нагласува нивниот вкус.
Готвачите се согласуваат дека многу други класични јадења добиваат нова димензија кога оцетот се додава на доматите. За дополнителен вкус, тие препорачуваат додавање груба сол и квалитетно маслиново масло.