ДОМАШЕН ЏЕМ ОД ЈАБОЛКА ОД РЕРНА: Толку е лесен, а неговиот вкус е неспоредлив

popara10 септември, 20251min00
134128_shutterstock-654533551_f

Ви треба:

1 кг јаболка
600 г шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Измијте ги јаболката, отстранете ги семките и исечете ги на коцки. Ставете ги во длабок плех за печење и наросете со шеќер, а потоа промешајте за да се распределат рамномерно. Оставете 15 минути, за да го пуштат сокот јаболката. Печете околу половина час, во рерна претходно загреана на 180 степени, додека не омекнат. Потоа намалете на 150 и печете го џемот уште еден и пол до два часа, мешајќи повремено. На крај, извадете го и исечкајте го со блендер, па истурете го во стерилизирани тегли. Затворете ги и свртете ги теглите наопаку.