Домашна маска за лице од 3 состојки! Евтина и сосема природна, ја освежува кожата и ја прави сјајна

popara22 март, 20251min00
Screenshot_6

Во сировиот мед не постојат никакви штетни хемикалии и токму затоа тој е одличен за вашата кожа. Огромен број истражувања секојдневно ни покажуваат нови придобивки од медот, вклучувајќи ги и неговите неверојатни способности за чистење на вашата кожа, чистење на порите, заштита на кожата со помош на антиоксидансите кои ги содржи како и освежување и хидратација.

 

 

 

За овој едноставен рецепт потребни ви се:

  • 1 лажичка пире од авокадо
  • 1 лажичка полномасен јогурт
  • 1 лажичка сиров мед

 

Пред да ја нанесете маската, измијте го вашето лице со топла вода и избришете го со чист пешкир. Потоа измешајте ги сите состојки во мал сад и нанесете ја мешавината врз вашето лице. Оставете ја да стои од 20 до 30 минути и потоа исплакнете.