ДОМАШНИ ПАЛАЧИНКИ ОД ХЕЉДА: Не дебелеат, се многу поздрави и се топат во устата

popara2 септември, 20251min00
120026_palacinke-od-heljde-3-1890310648_f

Ви треба:

1 јајце
10 лажици брашно од хељда
100 мл минерална вода
200 мл обична вода
1 прстофат сол
1 прстофат прашок за пециво
1 лажица масло

Подготовка:

Во сад ставете го брашното со прашокот за пециво, прстофат сол, јајцето, маслото, минералната вода и обичната вода. Добро измешајте сè, а потоа оставете ја смесата да отстои малку. Пржете ги палачинките во тава, од двете страни, додавајќи малку вода доколку е потребно.