
Состојки:
1 литар полномасно млеко
1 чаша кисело млеко
по потреба вода за наливање на киселото млеко
Подготовка:
Ставете го млекото на тивок оган да стане млако, проверете со прст дали е топло. Во вангла истурете кисело млеко, додадете малку топло млеко и измешајте, па додадете го во топлото млеко и измешајте. Ставете чаши во длабока тава, истурете го киселото млеко во нив. Околу киселото млеко сипете топла вода. Киселото млеко ставете го преку ноќ во загреана рерна да се стегне. Наутро е подготвено за дегустација.