ДОМАШНО МАСКАРПОНЕ СИРЕЊЕ Готово за кратко време и потребни се само 2 состојки, совршено за тирамису

popara9 септември, 20251min00
130238_maskarpone-1-1338791708_f

Ви треба:

500 мл слатка павлака за матење
1 лажица сок од лимон

Подготовка:

Ставете ја слатката павлака во сад. Потоа загрејте ја во тава на средна температура додека не зоврие. Потоа тргнете ја од оган и оставете да се олади неколку минути, мешајќи постојано. Потоа вратете ја павлаката на оган додека не зоврие, потоа извадете ја и додадете го сокот од лимон, мешајќи неколку минути. Оставете да се олади. Покријте ја цедалката со дебела газа, па ставете ја во сад. Потоа истурете ја смесата врз газата, па оставете ја во фрижидер преку ноќ.