
Дали знаевте дека чувањето на одредени предмети во кујната, како даска за сечење, кои веќе се истрошени може да биде опасно?
Според експертот за храна Адам Џејмс Полок, пластичните даски за сечење треба да ги фрлите веднаш штом ќе почнат да изгледаат истрошени. На платформата X, Полок ги потсети корисниците да ги фрлаат пластичните даски за сечење кои покажуваат знаци на абење. На профилот објави фотографија од црвена пластична даска која речиси побелела поради бројните исеченици.
Покрај фотографијата напиша: „Ако вашата даска за сечење изгледа вака, ве молам веднаш фрлете ја“.
Friendly reminder: if your chopping board looks like this, please throw it away immediately pic.twitter.com/e8DZoWUyJ1
— Adam James Pollock (@aIIegoricaI) December 27, 2024
Во својата книга „Sustenance“, Полок ги наведува причините зошто секогаш ги препорачува дрвените даски за сечење, истакнувајќи дека тие се подобри за здравјето и острината на ножевите. Цитирајќи различни студии, тој презентираше аргументи против пластичните даски.
Истражувањата покажаа дека бактериите како салмонела и листерија имаат поголеми шанси да преживеат и да се размножуваат во пластичните даски, особено преку ноќ. Од друга страна, истите бактерии се апсорбираат од дрвени даски и умираат за неколку минути.
Дополнително, исечените места на пластичните даски за сечење ослободуваат микропластика што може да заврши во вашата храна. Една неодамнешна студија покажа дека сечењето состојки како зеленчук на полиетиленски или полипропиленски даски ослободува микропластика што се лепи на храната, вклучувајќи месо и зеленчук.
Исто така, пластичните даски можат побрзо да ги затапат ножевите бидејќи сечилата го губат квалитетот кога се тријат со пластиката.
Ако сè уште користите пластични даски за сечење, можеби е време да ги замените со дрвени.